Џентлменски клуб (англ. Gentlemen's club) е членски клуб главно за машки членови на англиската висока класа. Денеска клубовите се поотворени за полот и општествениот статус на членовите.

Цртеж на Реформ клуб-от во 1841 г.
Клубот „Атенаеум

Првобитните џентлменски клубови се наоѓале во Западниот Крај на Лондон во регионот Сент Џемјсес кој сѐ уште се нарекува „clubland“, иако не толку често како порано. Клубовите донекаде ја презеле улогата на кафеџилниците во XVIII век и го достигнале врвот на својата влијателност при крајот на XIX век. Биле основани од групи пријатели кои делеле заеднички интереси. Комарот, обично со карти, бил најважна активност во многу од нив. Другите се одликувале со интересите на членовите во политиката, книжевноста, спортот или други занимања. Во други случаи, поврзаноста на членовите се должела на служење во рамките на еден ист ранг во војската, или студирање на ист универзитет. Некои од постарите клубови биле прилично аристократски, но през времето сè повеќе биле формирани, и по некое време секој кој можел со право да се нарече „џентлмен“ можел да најде клуб кој би го примил, освен ако неговиот карактер бил многу непожелен на еден или друг начин. Тука спаѓале и професионалци кои самите си го заработувале приходот.

Треба да се спомене дека јавни разоноди од типот на музички изведби и слично, не биле дел од ваквите клубови. Клубовите биле на некој начин „втори домови“ каде господата се релаксирале, и мешале со своите пријатели, играле друштвени игри и заедно јаделе. Тие им дозволувале на луѓето од високата и средновисоката класа со скромни примања да го проведуваат своето време во величествено окружување; побогатите клубови биле изградени од истите архитекти кои ги граделе најдобрите куќи на село во своето време, и имале ист тип на ентериери. Клубовите исто така биле згодни места за повлекување на мажите кои сакале да се „одморат“ од своите жени. Многу луѓе го провеле големиот дел од животот во клубовите, од кои некои дури и нуделе преноќување.

Класните услови полека смекнале низ XIX и XX век. Покрај тоа некои клубови почнале да примаат и жени при крајот на XX век. Ова делумно се должело на потребата да се зачува бројот на членови.

Џентлменските клубови денес

уреди

Додека знаеме дека денешните џентлменски клубови не ја уживаат истата популарност и влијание од минатото, тие имаат пораснато во популарност во последно време. Ова се должи на фактот што клубовите се денес поотворени за средната класа и жените.

Сè повеќе луѓе во политиката и деловното работење членуваат во клубови во Обединетото Кралство и ширум светот за дебати и конференции на актуелни теми. На пример Комонвелт клуб-от во Лондон може да се пофали со ред важни личности кои говореле таму како поранешниот британски премиер Тони Блер, нигерскиот претседател Олусегун Обасанџо и австралискиот премиер Џон Хавард.

Вон Обединетото Кралство

уреди

Клубови од овој тип постојат и во другите земји како многу земки од Комонвелтот, САД и разни други.

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  • Anthony Lejeune, Gentlemen's Clubs of London, (London: Macdonald And Jane's, 1979) (илуст. Malcolm Lewis) ISBN 0-8317-3800-6