Џезофон
Џезофонот[1] ― релативно редок дувачки инструмент со двојно ѕвонче во облик на саксофон, со писка слична на труба. Едното ѕвоно е оставено отворено, додека другото ѕвонче користи хармонска сурдина со капак на чкрапалото што произведува ефект од видот „wah-wah“.
Шпекулациите се дека првата е создадена во 1920 година, при што првата позната реклама за инструментот се појавила во германско списание во 1926 година,[2] но други музички стручњаци не се согласуваат дека постои друг облик на џезофон. Собирачот „Капетан Казу“ тврди дека поседува таков инструмент. Не се дадени конкретни детали освен слика, но се чини дека станува збор за тело во облик на казу со едно ѕвоно. Претходно споменатиот џезофон е создаден целосно одвоен од моделот „казу“. Единствената заедничка врска е името.
Инструментот бил вклучен во песните „Get Up Off That Jazzophone“ од бендот Bubbling Over Five во 1929 година и „Mammy's Little Rolling Stone“ на Боб Браун истата година.[3] Виолончелистот Хенк Робертс накратко свирел на инструмент со лак наведен како „џез-а-фон“ на албумот на Бил Фрисел од 1991 година „Where in the World?“. Ова е уникатен инструмент кој користи жичен врат, ѕвонче и воздушна цевка што не треба да се меша со џезофонот.
Наводи
уреди- ↑ Rycroft, David. „A Six-Finger Hole Saxophone: The Saxie“. The Galpin Society Journal. 52: 195–201. doi:10.2307/842523. JSTOR 842523.
- ↑ „The Jazzophone“. Brasspedia. Посетено на 19 март 2022.
- ↑ Rust, Brian (2004). Discography of OKeh Records, 1918-1934. Westport, Connecticut: Greenwood Publishing Group. стр. 583. ISBN 0-313-31142-0.