Џамија (Калково)

џамија во Македонија

Џамија (Калково) — главна селска џамија во селото Калково, во Општина Валандово, Македонија.[1]

Џамија (Калково)

Поглед на селската џамија

Координати: 41°20′31″N 22°29′53″E / 41.34194° СГШ; 22.49806° ИГД / 41.34194; 22.49806
Место Калково
Општина Општина Валандово
Држава Македонија
Местоположба

Карта

Архитектура
Минариња 1

Местоположба

уреди

Џамијата се на сретселото, во непосредна близина на основното училиште во Калково.

Историја

уреди

Џамијата била срушена во 4 јуни 1996 година од страна на тогашните власти. Следната година била повторно подигната со помош на мештаните и муслимани од цела Македонија.[2]

Во 2019 година, џамијата била повторно срушена, за да биде подигната нова џамија на истото место. Како донатор на новата џамија е граѓанин на градот Истанбул.[2] При поставувањето на камен-темелникот на џамијата, била отворена и просторија за курс по куран изградена од страна на Фондацијата Дијанет од Турција.[3]Í

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 86. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 „Калково: Започна уривањето и изградбата на нова џамија“. Dubai News Portal. 2019-03-19. Посетено на 2024-02-24.
  3. „Фондацијата Дијанет во валандовско Калково отвори курс за учење на Куранот“. www.aa.com.tr. Посетено на 2024-02-24.

Надворешни врски

уреди