Љубов на селски начин
„Љубов на селски начин“ (српски: Љубав на сеоски начин) — југословенска телевизиска серија од 1970 година, во режија на Драгослав Лазиќ по сценариото на Душан Савковиќ. Серијата е снимена во продукција на Телевизија Белград и има осум епизоди. Главните улоги ги толкуваат: Драган Зариќ, Миодраг Петровиќ - Чкаља, Жика Миленковиќ, Живка Матиќ, Ратко Сариќ, Милка Лукиќ, Павле Минчиќ, Призренка Петковиќ, Силвана Арменулиќ, Олга Станисављевиќ, Драган Лаковиќ итн.[1]
Синопсис
уредиВо серијата се прикажани доживувањата на момчето Милорад (го игра Зариќ) кого стрикото Гвозден (го игра Чкаља) и дедото Паун (го игра Сариќ) сакаат присилно да го оженат со најбогатата девојка во селото, Радмила. Затоа, Милорад бега од селото и оди во градот, каде ја запознава девојката Розика. На крајот, тој пак се враќа во селото, сакајќи да се ожени со Радмила, но без мираз, а тоа им ги расипува плановите на Гвозден и Паун...