Јуџин Ајзексон
Јуџин Ајзексон (1919–2008),[1] ― математичар од Соединетите Држави кој бил пионер на современата нумеричка анализа. Тој бил дипломец по математика и физика на Градскиот колеџ во Њујорк, а потоа влегол во програмата за последипломски студии по математика на Њујоршкиот универзитет под надзор на Курт Ото Фридрихс, добивајќи докторат на водени бранови на коси плажи во 1949 година. Неговата академска кариера потоа ја поминал во Курантовиот институт до неговото пензионирање.
И покрај почетниот интерес за топологијата,[2] Ајзексон работел во поголемиот дел од својата кариера во применета и пресметковна математика и е најпознат по неговата работа на нумеричко решение на диференцијални равенки. Неговата книга со Херберт Келер, „Анализа на нумерички методи“,[3] била водечки учебник во тоа време.
Работел како уредник за „Математика на пресметување“ и „Списанието на СИАМ за нумеричка анализа“.
Посебно издание на „Математика на пресметување“ било објавено во 1989 година за да го прослави неговиот 70-ти роденден. Соработниците ги вклучиле неговите синови Дејвид и Ели Ајзексон, исто така математичари, кои заедно напишале труд за овој том.[4] Трудот е посветен на нивниот татко и нивната мајка Муриел „за тоа што ја овозможиле оваа соработка“.
Наводи
уреди- ↑ „Obituary Eugene Isaacson“. SIAM News. SIAM Archives. 1998. Посетено на 30 јули 2022.
- ↑ „Interview with Eugene Isaacson“. Oral History Project. California Institute of Technology Archives. 1998. Посетено на 30 јули 2022.
- ↑ Isaacson, Eugene; Keller, Herbert (1994). Analysis of numerical methods. New York: Dover Publications. ISBN 0-486-13798-8.
- ↑ Isaacson, David; Isaacson, Eli (1989). „Comment on Calderon's Paper: "On an Inverse Boundary Value Problem"“. Mathematics of Computation. 52 (186): 553. doi:10.2307/2008482. ISSN 0025-5718. JSTOR 2008482.
Надворешни врски
уреди- Јуџин Ајзексон — Проект „Математичко родословие“ (англиски)