Јоше Вијачоски
Јоше Стојков Вијачоски (5 февруари 1917 во Пуста Река, Крушевско — 27 октомври 1942 во Битола) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиЈоше Стојков Вијачоски е роден на 5 февруари 1917 година во селото Пуста Река. По занимање бил рударски работник. Член на КПЈ бил од 1941 година. Oтогаш активно работел во народноослободителната борба. Во 1942 година паднал во рацете на бугарската фашистичка полиција, која на 27 октомври 1942 година го обесила во битолскиот затвор, а сите членови на неговата фамилија ги интернирала.[1]