Јонче Чулески
Јонче Ѓоргиев Чулески (15 јануари 1924 во Скребатно, Охридско — 20 април 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиЈонче Ѓоргиев Чулески е роден на 15 јануари 1924 година во селото Скребатно. Кон НОБ пристапува доброволно на 10 септември 1944 година. Загинува на Сремскиот фронт како борец на 3 чета, 2 баталјон, Прва македонска ударна бригада, во борбите кај Славонска Пожега на 20 април 1945 година.[1]