Јонска реакција
Јонска реакција е онаа која се случува кога ќе се помешаат два раствора од електролити при што доаѓа до реакција меѓу јоните што постојат во растворите. Притоа, во водните раствори на електролитите постојат позитивно наелектризирани јони (катјони) и негативно наелектризирани јони (анјони).
Услови за јонска реакција
уредиВо некои слушаи, мешањето на два раствора од електролити не предизвикува никаква реакција. За да се случи јонска реакција треба да бидат исполнети неколку услови:[1]
- во реакциониот систем да се образува гасовит продукт
- во реакциониот систем да се образува слабо растворлив продукт
- во реакциониот систем да се образува соединение што содржи стабилни комплексни јони
- во реакциониот систем да се образува слабо дисоциран продукт
Наводи
уреди- ↑ Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. 68.