Книга на промените

(Пренасочено од Ји - Џинг)

„Книга на промените“ (кин. трад. 易經; упр. 易经; трскр. „И чинг“ или „Ји ѓинг“) е најстариот од класичните кинески текстови. Тој опишува древен систем на космологија и филозофија што лежи во срцето на кинеските културни верувања. Филозофијата се фокусира на идеите за динамичната рамнотежа помеѓу спротивностите, еволуцијата на настаните како процес, и прифаќањето на неизбежноста на промената. Во западните култури, одреден број лица го гледаат ова дело само како систем за пророкување; но многумина веруваат дека тој ја искажува мудроста и филозофијата на древна Кина. Во секој случај, текстот зазема значајно место во историјата на кинеската мисла и може да се смета за уникатно дело во својата област.

Книга на промените
Текст од Книгата на промените
АвторФу Сји (митолошки)
ЗемјаКина
МедиумBook
Корица на македонско издание

Она што е карактеристично за овој текст е што состојбите на светот и нивната еволуција се прикажани со серија на 64 бројчени фигури наречени хексаграми, секој симболизирајќи една состојба и нејзините можни промени. Хексаграмите се фигури засновани на комбинација на 6 линии од кои секоја може да ги има следниве форми: непрекината линија (Јанг) и прекината линија (Јин). Секој од овие хексаграми има свое име, а исто така, надополнети се со краток текст со кој се укажува на дејствијата што се соодветни на конкретната "космичка форма".

Текстот е изработен во првиот милениум пред нашата ера, во времето на династијата Џоу. Тој е плод на многугодишниот развој на кинеската филозофска мисла. Неговата математичка структура ќе му остави силен впечаток на германскиот филозоф Лајбниц, кој во нив ќе ја види првата формулација на бинарната аритметика.