Јелена Розга (радиски настап)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Радиски настап на Јелена Розга од 29 мај 2018 е акустичен настап во живо од хрватската пејачка Јелена Розга на тогашното хрватско народни радио (сега насловено како браво!). Настапот содржи мешавина на три од песните на Розга за времето кога таа служела како главен вокалист на хрватската група Магазин, имено „Oprosti mala“ (македонски: „Прости малечка“), „Opijum“ („Опиум“) и „S druge strane mjeseca“ („Од другата страна на месечината“). За време на настапот, таа е придружена од страна на нејзинот бенд кој се состои од гитарист, бас гитарист, перкусија, клавијатура и придружен вокал. Настапот и видеото се стекнале со голема популарност и така од 2024, видеото од настапот има добиено преку 23.6 милиони прегледи на Јутјуб. Популарноста на видеото послужила како инспирација за пејачката да сними акустичен албум, да настапува со акустични концерти од дома и повторно да пробува да сними видео во кое ќе помеша три песни.
Заднина
уредиНа 29 мај 2018 година, Јелена Розга се појавува како гостин во емисијата на народни радио (сега насловено браво!) насловена како „Living Room acoustic“. За време на емисијата, таа ја изведува песната „Kada krenu vlakovi (Idi)“ („Кога ќе тргнат возовите (Оди)“). Настапот од песната има преку 1 милион прегледи на платформата за гледање и споделување видеа Јутјуб заклучно со 2024 година.[1] Потоа изведува преработка на песната „Moja ljubav“ („Моја љубов“) од Нина Бадриќ кој има 897.000 прегледи и нејзиниот тогаш најнов сингл „Najbolji dan“ („Најдобар ден“) придружена од нејзиниот бенд.[2][3] Бендот се состои од гитарист, бас гитарист, перкусист, клавијатурист и придружен вокалист.
Остатокот од времето го поминува разговарајќи со водителите на емисијата околу различни аспекти од нејзината кариера.[4] Така, на почетокот тие разговараат околу првата пејачка на Магазин, Лилјана Николовска, потоа окол нејзините тешки почетоци за време на преминот од Магазин во соло кариера, за тоа како луѓето од бендот заедно со Тончи Хуљиќ и Вјекослава Хуљиќ ѝ биле голема поддршка и за тоа како таа би била балерина доколку сонот да биде пејачка во групата Магазин не ѝ се исполнел. Во вториот дел од разговорот, се јавува Бадриќ која е изненадена од нејзината преработка и двете ги споделуваат своите омилени песни една на друга. Розга потоа го покрива делот од својот живот во кој била во средно училиште и се сеќава дека не стигнала да оди на прославите за матура поради тоа што морала да работи во групата Магазин. Водителите на емисијата потоа ѝ покажуваат снимка од нејзина изведба на „Ti si želja mog života“ за време на нејзините први чекори во 90-те години; таа ја оценува изведбата како прегласна. Во третиот дел од разговорот, Розга се осврнува на нејзините настапи во живо, на последниот нејзин концерт во Арената Спаладиум во родниот град Сплит, која успеала да ја наполни и како таа би сакала сето тоа да го повтори. Ова е проследено со список прашања од водителите и фановите кои се однесуваат на тоа која професија таа би ја одбрала доколку смее да бира друга освен тоа да биде пејачка, за нејзиниот последен концерт од Ед Ширан на кој била во Австралија, како и нејзиниот годишен одмор. Потоа таа одговара дека не би одела на Евровизија, споделува дека работи на соработка со колега, планови за нејзини концерти низ хрватски градови и за крај ја дискутира својата нова песна.[4]
За крај, таа настапува со мешавина од три од нејзините песни кои ги снимила за времето кога била главен вокал во групата Магазин, а тоа се „Oprosti mala“ (македонски: „Прости малечка“), „Opijum“ („Опиум“) и „S druge strane mjeseca“ („Од другата страна на месечината“). Видеото за многу кратко време постигнува екстремна популарност и станува најгледано видео на каналот на народни.[5] Така, во август 2021 имало над 15 милиони прегледи а од 19 мај 2022, имало повеќе од 18 милиони прегледи.[6] Од 2024, настапот има добиено преку 23.6 милиони прегледи на Јутјуб.[7]
Популарност
уредиПоради популарноста на видеото меѓу слушателите, Розга презема неколку чекори во својата кариера кои се насочени кон акустични перформанси. За време на Пандемијата на КОВИД-19, таа одржала седум акустични концерти во нејзиниот дом. За време на домашниот концерт одржан во живо на Инстаграм на ден 3 мај 2020, Розга повторно ја извела мешавината од три песни од народни радио.[8] По популарноста на видеото, Розга одлучила да сними акустичен албум со преработки во ново руво на песните коишто ги снимила со Магазин и за време на нејзината соло кариера.[9] За време на интервју, таа изјавила: „Народни е виновен за сè. Тоа видео предизвика многу убави коментари. Очиглено на луѓето им недостасуваат олку убави песни и веројатно сакаат да ме чујат во акустична верзија.“[10]
Исто така, на 19 мај 2022, повторно се појавила на шоуто, овојпат изведувајќи мешавина од три други песни.[11] За време на разговорот овојпат повторно ја споделила својата изненаденост за тоа колкава популарност постигнала со претходното видео, признала дека го преслушала многу пати, а воедно го класифицирала и како сјајно и изјавила како може да ѝ биде тешко повторно да го оправда настапот. За време на разговорот, таа споделува дека не ѝ е битно колку прегледи ќе има новото видео и дали ќе ја достигне популарноста на претходното овојпат сѐ додека е направено од срце.[6]
Наводи
уреди- ↑ Jelena Rozga - Kada krenu vlakovi (Idi) [narodni Living Room Acoustic]. браво! преку Јутјуб. 25 мај 2018. https://www.youtube.com/watch?v=1UxoOSVB5aY&ab_channel=bravo%21.
- ↑ Jelena Rozga - Moja ljubav [narodni Living Room Acoustic]. браво! преку Јутјуб. 25 мај 2018. https://www.youtube.com/watch?v=IOpLCDLxM4M&ab_channel=bravo%21.
- ↑ Jelena Rozga - Najbolji dan [narodni Living Room Acoustic]. браво! преку Јутјуб. 25 мај 2018. https://www.youtube.com/watch?v=K-l9D-9QNGg&ab_channel=bravo%21.
- ↑ 4,0 4,1 (in hr) Jelena Rozga - narodni Living room acoustic [cijela emisija]. браво! преку Јутјуб. 4 јуни 2018. https://www.youtube.com/watch?v=9aJgAENiEAQ&ab_channel=bravo%21.
- ↑ С., Тихана (16 август 2021). „Jelena Rozga i dalje drži rekord na YouTube kanalu narodnog“ [Јелена Розга и понатаму го држи рекордот на Јутјуб каналот на народни] (хрватски). narodni.hr. Посетено на 12 април 2024.
- ↑ 6,0 6,1 (in hr) Jelena Rozga - narodni Living room acoustic [cijela emisija]. браво! преку Јутјуб. 19 мај 2022. https://www.youtube.com/watch?v=Fy3im3ilP38&ab_channel=bravo%21.
- ↑ (in hr) Jelena Rozga - Oprosti mala/Opijum/S druge strane mjeseca [narodni Living Room Acoustic]. браво! преку Јутјуб. 29 мај 2018. https://www.youtube.com/watch?v=NJrzmo0y4r8. Retrieved 4 април 2024.
- ↑ Jelena Rozga - Live IG mini koncert - 03/05/20. Официјален канал на Јелена Розга. 3 мај 2020. https://www.youtube.com/watch?v=l4GnXthG9m4&t=2975s&ab_channel=JelenaRozga. Retrieved 4 април 2024.
- ↑ Пливелиќ, Петра (8 мај 2021). „Video: Jelena Rozga 'Moji kućni koncerti na You Tubeu imaju po 700 tisuća pogleda. Fanovima se sviđam prirodna, samo s gitarom'“ [Видео: Јелена Розга ‚Моите Куќни концерти на Јутјуб имаат по 700 илјади прегледи. На фановите им се допаѓам природна, само со гитара‘]. Јутарњи (хрватски). Посетено на 4 април 2024.
- ↑ „Jelena Rozga: 'Narodni je kriv za sve'“ [Јелена Розга: ‚Народни е виновен за сè‘]. Jutarnji list. 11 септември 2019. Посетено на 4 април 2024.
- ↑ Jelena Rozga - Nebo boje moje ljubavi/Minut' srca tvog/Ginem [narodni Living room acoustic]. bravo! преку Јутјуб. 19 мај 2022. https://www.youtube.com/watch?v=wJ5RPhcnKxs&ab_channel=bravo%21.