Језиорак
Језиорак е езеро во северозападна Полска . Језиорак е најдолго езеро во Полска и е шесто место по површина. Постојат многу острови на езерото. Најголеми се Голема Жулава (Wielka Żuława) и Голем Буковјец (Wielki Bukowiec). Езерото е поврзано со каналот Елблас. Бреговите се пошумени - северните високо и јужните ниско.
На езерото се наоѓа селото Илава
Езерото се протега во правец север-југ, во средниот дел се витка и го менува правецот на североисток, а потоа кон северозапад. Во централниот дел, Језиорак се шири. Постојат неколку острови во продолжениот дел. Реката Илавка се издвојува од јужниот дел на езерото.
Фауна
уредиЕзерото е многу богато со животински свет. На езерото има над 10 видови риби. Исто така, има многу птици кои гнездат на езерото (има околу 15 видови). Покрај рибите на езерото, има и ракови и жаби.
Фото галерија
уреди-
1 Мал Језиорак
-
2 Голем Језиорак
-
3 Брегот на езерото
Поврзано
уреди- Најголемите езера во Полска