Јас Методи Патче од Охрида

македонска народна песна

Јас Методи Патче од Охридамакедонска народна песна. Песната е посветена на охридскиот револуционер Методија Патчев. Песната има ајдутски карактер.

„Јас Методи Патче од Охрида“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина3:58 (Ансамбл Билјана)

Текст

уреди

-Јас Методи Патче од Охрида
ослободен од битолски затвор.
Па си тргнав за Охрида града,
там' не најдов ни мајка, ни татко.
Там' си најдов верната бисерка,
верната бисерка, малихерка.

Па си тргнав за Прилепа града,
за Прилепа, село Кадиново.
Там' си најдов верната дружина,
верната дружина, договорна.
Слово држи Методија Патчев:
напред браќа, борба да водиме.

Се зададе силната потера,
силната потера, кавалерија.
Поарџија сите си куршуми,
оставија само еден куршум.

Слово држи Методија Патче:
ајде браќа да се убиеме.
Навртија пушки во градите.
Прв се уби Методија Патче,
а по него целата дружина.

Надворешни врски

уреди