Јасика — пропаст на Сува Планина, на територијата на заштитеното подрачје Јасен во истоимената месност. До влезот се стигнува преку макадамски пат кој води од превојот Кула до пропаста. Влезот е на надморска височина од 1128 м. Влезот е со вертикален канал со длабочина од 9 м. Од овде до точка 6, во југоисточен правец, се протега поголемо пештерско проширување чии димензии се: должина околу 50 м, широчина од 15-30 м и височина околу 5-6 м. Пештерските украси се претставени со сталактити, сталагмити, маркантни пештерски столбови, драперии, пештерски сливови и каскадно поставени травертински басени исполнети со вода. Бојата на украсите е жолтеникава, бела, сива и црна.[1]

Јасика
МестоСува Планина
Длабочина5-6 м
Должина50 m
Надм. височина1128 м.
Влезови1

Наводи

уреди
  1. ИД "Урсус спелеос"-Скопје: Податоци за скица Јанчевски Ј., Галбов К., Темкова В. (1984): Толкувач на листот Скопје (к 34-79). Основна геолошка карта (1:100 000), стр. 1-57, Белград.