Јана Доброволскаја

Јана Денисовна Доброволскаја е родена на 8 декември 1997 година.Таа е руска танчерка, модел и ја носи титулата за избор на убавина Мис Русија, која ја освоила во 2016 година. Таа ја претставувала Русија на изборот за Мис на светот 2016 година. [1] [2]

Ран живот уреди

Доброволскаја е родена во Тјумен. Студирала класични танци 12 години, љубител е на детска психологија и сака книги. Нејзиниот најголем сон е да стане позната учителка по танц и да „тренира шампиони“, за што Доброволскаја изјавила дека ќе потроши дел од нејзината награда.

Натпревари за убавина уреди

Мис на Русија 2016 година уреди

Таа се натпреварувала како Мис Тјумен во Мис Русија 2016 на 16 април 2016 година. Подоцна ја прогласиле за победничка на изборот, добивајќи ја наградата Мис Русија 2015 од Екатеринбург

Мис на светот 2016 година уреди

Доброволскаја исто така ја претставувала Русија на изборот „Мис на светот 2016“ каде не била пласирана, иако важела за голем фаворит кој ќе ја освои наградата.

Наводи уреди

  1. „The Miss Russia National Beauty Contest“. Missrussia.com. Посетено на 2016-04-03.
  2. „Miss Russia 2016 is Yana Dobrovolskaya“. pageantsnews.com. 16 April 2016. Архивирано од изворникот на 2016-04-25. Посетено на 2021-02-14.