Описна лингвистика

(Пренасочено од Јазичен опис)

Јазичниот опис, описната лингвистика или дескриптивна лингвистика, е гранка на лингвистиката, која се занимава со објективно анализирање и опишување на тоа како јазикот е (бил) зборуван од група на луѓето во говорната заедница. Сето научно истражување во лингвистиката е описна. Како и другите науки, целта на лингвистика е да го набљудува свет како што е, без предрасуди и пресудувања за тоа како би требало да биде.[1][2][3][4] Современата описна лингвистика е заснована на структуралниот пристап кон јазикот, како што е кај Леонард Блумфилд и останатите. Описната лингвистика често е споредена со кодификацијата. Овие две се комплементарни, но имаат различни приоритети и понекогаш се во конфликт. Поимот „дескриптивизам“ се користи да се означи верувањето дека описот е позначаен од учењето.

Точен опис на реалниот говор е тежок проблем, и јазичарите често се ограничени на приближности. Скоро секоја лингвистична теорија има свое потекло во практичните проблеми на описната лингвистика.

Описната лингвистика се смета за описно адекватна ако ги достигне, делумно или целосно, следниве цели:

  1. опис на фонологијата на јазикот,
  2. опис на морфологијата на јазикот,
  3. опис на синтаксата на јазикот,
  4. опис на лексичното зборообразување,
  5. документација на зборовниот фонд, најмалку барем 1000 зборови,
  6. репродукција на неколку текстови.

Наводи

уреди
  1. Kordić, Snježana (2010). Language and Nationalism (PDF). Rotulus Universitas (српскохрватски). Zagreb: Durieux. стр. 60. ISBN 978-953-188-311-5. LCCN 2011520778. OCLC 729837512. OL 15270636W. Архивирано (PDF) од изворникот 2012-07-08. Посетено на 11 August 2012.
  2. Harimurti Kridalaksana (2007). „Bahasa dan Linguistik“. Во Kushartanti; Untung Yuwono; Multamia Lauder (уред.). Pesona bahasa: langkah awal memahami linguistik (индонезиски). Jakarta: Gramedia Pustaka Utama. стр. 11–12. ISBN 9789792216813.
  3. André Martinet (1980). Eléments de linguistique générale (француски). Paris: Armand Colin. стр. 6-7. ISBN 9786024523695.
  4. Moch. Syarif Hidayatullah (2017). Cakrawala Linguistik Arab (Edisi Revisi) (индонезиски). Gramedia Widiasarana Indonesia. стр. 5-6, 18. ISBN 9786024523695.

Литература

уреди