Јазици во Брегот на Слоновата Коска

Јазиците во Брегот на Слоновата Коска се воглавно претставени од староседелски африкански јазици. Државата е мултијазична, односно во неа се зборуваат околу 78 јазици.[1]

Брегот на Слоновата Коска Јазици во Брегот на Слоновата Коска Брегот на Слоновата Коска
Официјален јазикфранцуски
Национален јазикоколу 70 јазици, меѓу кои баулејски јазик, сенуфоански јазик, јакубански јазик, анински јазик, атиејски јазик, гуерејски јазик, бетејски јазик, диулански јазик, абејски јазик, махуански јазик, вобејски јазик, лобиски јазик
Знаковен јазикфранкофонски африкански знаковен јазик
Демографија на Брегот на Слоновата Коска

Службен јазик

уреди

Иако над 70 јазици во државата се староседелски африкански, сепак службен јазик во Брегот на Слоновата Коска е францускиот. Францускиот јазик бил воведен во секојдневниот живот на Брегот за време на колонизацјата на регионот од страна на Франција. Францускиот е главен јазик на државната управа, училиштата и е лингва франка.

Национални јазици

уреди

Сите староседелски јазици во Брегот се дел од петте гранки на нигер-конгоанските јазици. Меѓу бројните јазици најголеми се аканските јазици, но и баулејски јазик, сенуфоански јазик, јакубански јазик, анински јазик, атиејски јазик, гуерејски јазик, бетејски јазик, диулански јазик, абејски јазик, махуански јазик, вобејски јазик, лобиски јазик

Извори

уреди

Општо

уреди

Наводи

уреди
  1. Lewis, M. Paul (ed.), 2009. Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International. (Page on "Languages of Côte d’Ivoire." This page indicates that one of the 79 no longer has any speakers.)

Поврзано

уреди