ЈКП „Водовод“ - Илинден
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ј.К.П. “Илинден” е основано во 1998 година, за вршење на дејности од јавен интерес. Заради организирање и квалитетно вршење на комунални дејности и стопанисување со објекти на комуналната инфраструктура од локален карактер, кои се протегаат или служат за давање на комунални услуги на подрачјето на Општина Илинден.
Ј.К.П. “Илинден” е ангажирано во вршење на следниве дејности:
- Собирање на јавна чистота, чистење на јавни површини, уредување на паркови, зеленило, парк-шуми, садење на ниска и висока вегетација
- Одржување на патишта и улици
- Одржување на јавно осветлување
Во почетокот на основањето на оваа Јавно Комунално Претпријатие,се вработија 10 луѓе,а моментално се вработени 80 работници.За подобрување на услугите за снабдување со чиста вода за пиење, се формираше во 2008 година ЈКП „Водовод“, надлежностите на ЈКП „Водовод“ се:
Зафаќање, препумпување, обработка и дистрибуција на здрава вода за пиење до корисниците Приклучување на домаќинства на водоводната мрежа Одржување на водоводната мрежа
Јавното Комунално Претпријатие „Водовод“ кое произлезе како дел од Ј.К.П. “Илинден” експлоатира и одржува, односно стопанисува со водоводната мрежа и со водоводните приклучоци.
Општина Илинден со вода за пиење се снабдува од регионалниот водоводен систем. Како извориште на вода на овој систем се користат четири бунари со капацитет на пумпите од 35 л/сек,односно со вкупен капацитет од 140 л/сек, сместени во атарот на н.м. Јурумлери. Со пумпи, преку хлоринаторна станица и потисен цевковод водата се потиснува до резервоарите со вкупен капацитет од 1.500 м3, сместени во населените места Бунарџик (2 резервоари со капацитет од по 500 м3) и Ајватовци (1 резервоар со капацитет од 500м3).