Ѕвездите гледаат надолу (филм)

„Ѕвездите гледаат надолу“ (англиски: The Stars Look Down) — британски филм од 1940 година, во режија на Керол Рид (Carol Reed) по сценариото на А.Џ. Кронин (А. J. Cronin) и Џ.Б. Вилијамс (J.B. Williams), заснован врз истоимениот роман на Кронин од 1935 година. Главните улоги ги играат: Мајкл Редгрејв (Michael Redgrave) и Маргарет Локвуд (Margaret Lockwood).[1]

Синопсис

уреди

Дејви Фенвик (го игра Редгрејв) добива стипендија и го напушта рударското место во кое израснал, па заминува на факултет. Тој има намера по студиите да се врати во родното место и да им помогне на рударите во борбата против сопствениците на рудникот. Меѓутоа, тој се вљубува во Џени (ја игра Локвуд) и се жени со неа...

Наводи

уреди