Ѓозлеме
Ѓозлеме (турски: gözleme) — јадење од турската кујна. Традиционално се прави од тесто, а рачно сучените кори се полнат со фил, кој најчесто е сирење или урда.
Ѓозлеме | |
Дел од оброкот | предјадење |
---|---|
Место на потекло | Турција |
Температура на послужување | топло |
Главни состојки | брашно, вода, сол |
Корите се виткаат во квадрат и се печат на голем плех додека не се појават мали црно-кафени дамки на нив. Точките изгледаат како мали очи (на турски: göz), па оттука и неговото име.
По печењето од двете страни корите се полеваат со раствор од путер или масло, павлака и потсолена топла вода, некаде се користи млеко наместо вода. Корите ја впиваат течноста и омекнуваат, па се вадат од плехот.[1]
Во модерната кујна, филот е разновиден, со користење на различни производи како зеленчук, месо и различни видови џем.
Слики
уредиНаводи
уреди- ↑ www.wikihow.com, Архивирано од изворникот на 2015-02-06, Посетено на 2015-02-05