Ѓерг Аријанит (1383–1462) бил средновековен господар на областа меѓу Шкундра и Војуша.

Плаштеница нарачана од Ѓерѓ Аријанит

Во 1432 г. подигнал востание против Османлиите. Тој е прв феудалец на територијата на Албанија, кој ја победил султановата војска и султанот во 1439 година бил принуден да ја признае неговата независност. Тоа му обезбедило посебен углед во Европа. Со цел да ја зачува независноста, склучил сојуз со папата, кралот на Неапол (1451) и Венецијанската република (од која добил војводска титула). Сепак, бил принуден да ја напушти Албанија во 1460-те години, кога пребегнал на Венецијанска територија каде и починал.

Неговата ќерка Андроника била мажена за Скендербег, а Ангелина за Стефан Бранковиќ.