Ye Cracke (изговорено: Д Крек) ― паб на улицата Рајс покрај улицата Хоуп во Ливерпул, Англија. Името е на старoанглиски јазик.[1] И покрај името, „Ye Cracke“ е всушност паб од 19 век. „Воената канцеларија“ е мала просторија во пабот, која е неговиот најстар дел и некогаш била користена за дискутирање на делови од Бурската војна.

Ye Cracke
„Ye Cracke“ во април 2010 година
МестоположбаЛиверпул, Англија

Збирка од околу 20 цртежи на месни згради се прикажани на ѕидот и сите датираат од доцните 1960-ти. Има историски врски со „Битлси“ затоа што бил често посетуван од Џон Ленон и неговата девојка Синтија кога биле во уметничкото училиште,[2] како и бендот „The Quarrymen“, на кои им виси плакета во барот. Лекарите Томас Сесил Греј и Џон Халтон ги осмислиле техниките опишани во нивната книга од 1946 година, „Миљоказ во анестезија“, додека биле во пабот.

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-11. Посетено на 2021-01-28.
  2. http://www.beatlesource.com/savage/1950s/58.10.xx%20ye%20cracke/58.10.xxcracke.html