Џон Винстон Ленон, МБЕ (подоцна Џон Оно Ленон) (9 октомври 19408 декември 1980) — познат како пејач, композитор и гитарист на Битлси. Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, глумец и писател. Дел е од тимот Ленон-Мекартни, можеби најуспешното кант-авторско дуо во историјата на рок-музиката. Истовремено, во својата соло-кариера, Ленон останува запамтен и како автор на Imagine и Give Peace A Chance, две од најпознатите песни на дваесеттиот век. Тој е една од големите музички икони на дваесеттиот век.

Џон Ленон
Џон Ленон и Јоко Оно во 1980 година
Џон Ленон и Јоко Оно во 1980 година
Основни податоци
Родено имеЏон Винстон Ленон
Роден(а)9 октомври 1940
Англија Ливерпул, Англија
ПотеклоЛиверпул, Велика Британија
Починал(а)8 декември 1980 (возраст 40)
САД Њујорк, САД
Жанр(ови)Рок/Поп
Занимање/њапејач, текстописец, гитарист, поет, уметник, активист
ИнструментиГитара, Хармоника, Пијано, Бас
Години на активност1957 – 1975, 1980
Продукциска куќа/ќиParlophone, Capitol, Apple, Vee-Jay, EMI, Geffen
Мрежно местоJohnLennon.com

Негова жена била Јапонката Јоко Оно од 20 март 1969 година до 8 декември 1980 година, кога Ленон е застрелан од еден негов психички пореметен обожавател, Марк Дејвид Чепмен, во Њујорк.

Во 2002 година, според анкетата 100 најголеми Британци на Би-Би-Си Ленон бил рангиран на осмото место. Во 2004 година, списанието Rolling Stone го прогласило Ленон за 38. најголем музичар на сите времиња на својата листа „Бесмртните: Педесетте најголеми уметници на нашата епоха“. На истата листа, Битлси го зазеле првото место.

Во 1969 година, заедно со другите членови на „Битлси“, Ленон го добил Орденот на Британската Империја, но четири години подоцна го вратил орденот, наведувајќи неколку причини: вмешаноста на Британија во војната во Нигерија, поддршката што Британија ѝ ја давла на САД во војната во Виетнам и лошиот комерцијален успех на неговата песна „Студена мисирка“ (Cold Turkey).[1]

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи уреди

  1. „Боуви одби да стане витез, Брандо ги бојкотира Оскарите“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 22.