Wake Up Dead е песна на Мегадет од нивниот втор студиски албум Peace Sells... but Who's Buying?. Ова бил првиот објавен сингл од споменатиот албум, а воедно и прва нумера од тој диск.[1] Заедно со „Peace Sells“ се едни најпознатите песни на Мегадет и задолжителен дел од секој настап во живо.[2] Композицијата започнува со брзо интро на тапани, по што следуваат акордите на гитара и текстот. Иако има долг инструментален мост помеѓу двете строфи, песната не е чисто солирање на електрична гитара. Текстот говори за љубовното неверство на Мастејн кон неговата девојка, и за тоа како таа би го убила кога би дознала за неговите ноќни сеанси. Враќајќи се доцна од клубот со другарите, тој се обидува да се прикраде во креветот, но притоа да не ја разбуди девојка му. Ако ја разбуди, таа би му го одзела животот како казна за неговото неморално однесување.

„Wake Up Dead“
Сингл од Мегадет
од албумот Peace Sells... but Who's Buying?
Издаден 10 декември, 1986
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен април, 1986
Жанр Треш метал
Должина 3:37
Издавачка куќа Капитол, Комбат
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Дејв Мастејн и Енди Сомерс
Хронологија на синглови на Мегадет
Mechanix
(1985)
Wake Up Dead
(1986)
Peace Sells
(1986)
Задната страна на винил изданието
Мегадет во Норвешка, 2010 г.

Снимен е и видео запис за оваа песна, во режија на Пенелопа Сферис. На спотот е прикажан перформанс на бендот во железен кафез. Како што песната одминува, обожавателите збеснуваат и постепено влегуваат во кафезот. Се смета дека овој филмуван запис е класичен приказ за една хеви метал журка.

Марти Фридмен при аудицијата за нов гитарист во Мегадет, ја свирел токму оваа песна. Американскиот дет метал бенд World Under Blood ја има преработено песнава. Нивната верзија се наоѓа на албумот Tactical (издаден 2011 г.), како деветта нумера. Водечкиот гитарист и вокал на тој бенд, Дерон Милер, има изјавено дека „Wake Up Dead“ е негова омилена песна од Мегадет, и дека нивната преработка „смртно би го исплашила Дејв Мастејн кога тој би ја слушнал“.[3]

Песни на винил изданието од Wake Up Dead уреди

Прво издание уреди

  1. Wake Up Dead - 3:37
  2. Good Morning/Black Friday (во живо) - 6:40

Второ издание уреди

  1. Wake Up Dead - 3:37
  2. Good Morning/Black Friday (во живо) - 6:40
  3. Devil's Island (во живо) - 5:05
Сите песни во живо беа снимени во Лондон, 1986 г.[4]

Музички персонал уреди

Наводи уреди

  1. Куса биографија Историјат на Мегадет
  2. setlist.fm Најизведувани песни во живо
  3. Преработката од World Under Blood[мртва врска] Дерон Милер на Мајспејс
  4. The Realms of Deth Архивирано на 21 јули 2011 г. Список на песни

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди