Solo Leveling (буквално: Кревање на ниво сам; корејски: 나 혼자만 레벨업) — јужнокорејски веб-роман напишан од Чугонг. Бил серијализиран во платформата на Kakao за цифрени стрипови и фантастика KakaoPage, почнувајќи од 25 јули 2016 г., а подоцна бил објавен од D&C Media под нивната етикета Papyrus од 4 ноември 2016 г. Романот е лиценциран на англиски јазик од Yen Press.[1]

Првата корица на томот за адаптација на вебтун, со Сунг Џинву

Вебтунот на Solo Leveling, нацртан од Џанг Сунг Рак, дебитирал на KakaoPage на 4 март 2018 г. Неговата прва сезона завршила на 19 март 2020 г., проследена со втората сезона што траела од август 2020 до декември 2021 г. D&C Media ги составила своите поглавја во девет тома до август 2023 г.[2] Yen Press ги обезбедил правата за англиска лиценца за вебтунот.[3]

Серијата била адаптирана во аниме во 2024 г., а во план е и видеоигра.

Содржина уреди

Серијата ја следи приказната за Сунг Џинву, ловец од ранг E во свет каде што се појавиле зандани полни со чудовишта. За време на особено опасен напад во двојна зандана, Сунг Џинву и неговата дружина се наоѓаат во животоопасна ситуација. Меѓутоа, Сунг Џинву открива скриена моќ во себе, таинствена програма наречена Системот, која го избира него како единствен играч и му овозможува да гледа задачи и да крева ниво како да е во видеоигра.

Решен да го заштити своето семејство и да се искачи на врвот, тој тргнува на патешествие да стане најмоќниот Ловец. По патот, тој открива мрачни тајни за потеклото на занданите и вистинската природа на светот во кој живее.

Наводи уреди

  1. „Solo Leveling, Vol. 1 (novel) | Yen Press“. Yen Press. Архивирано од изворникот April 29, 2021. Посетено на April 26, 2021.
  2. „만화 나 혼자만 레벨업 9  : 네이버 도서“. search.shopping.naver.com (корејски). Посетено на 2024-03-29.
  3. „Solo Leveling, Vol. 1 (comic) | Comics | Yen Press“. yenpress.com (англиски). Посетено на 2024-03-29.

Надворешни врски уреди