Семејство (потесно семејство) — семејна заедница што се состои само од брачна двојка или од родители (двајца или еден) и нивните деца кои не се во брак. Под семејство се подразбира и заедница на партнери кои живеат заедно, а законски немаат засновано брачна заедница.

Скулптура „Семејство“ во Женева.

Во согласност со дефиницијата за семејство, се разликуваат следните типови на семејства:

  • брачна двојка без деца;
  • брачна двојка со дете/деца кои не се во брак;
  • родители (партнери кои не се во брак) со дете/деца кои не се во брак;
  • мајка со дете/деца кои не се во брак и
  • татко со дете/деца кои не се во брак.

Зборот семејство води потекло од зборот семе. Како поим во секојдневниот говор со семејство означуваме заедница од родители и потомци. Клучната цел на таквата заедница е одгледување на потомците.

Реченицата на Владимир Илич Ленин дека: “...Семејството е основна клетка од која е изградено општеството“ го втемелува имањето потомство како предуслов за имање општество.

Семејството и општеството се појави кои не се забележани само кај луѓето, туку се чести во живиот свет.

Историја на теории уреди

Социјални дарвинисти уреди

Раните научници на семејната историја ја применувале Дарвиновата теорија за биолошката еволуција во својата теорија на еволуцијата на семејните системи.[1] Американскиот антрополог Луис Хенри Морган ја објави Античко Општество во 1877 година врз основа на неговата теорија за трите фази на човековиот напредок од дивјаштво преку варварство до цивилизацијата. Книгата е инспирација за книгата на Фридрих Енгелс Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата објавена во 1884 година.[2]

Енгелс ја прошири хипотезата на Морган според која економските фактори ја предизвикале трансформацијата на примитивната заедница во општество одделено според класи.[3] Енгелсовата теорија за контрола на ресурси, а подоцна и онаа на Карл Маркс беше користена за да се објасни причината и последицата на промената на семејната структура и функција.

Јадреното семејство во индустриското општество уреди

"Популарната мудрост", според Зин и Ејтзен, ги гледа семејните структури од минатото, како супериорни во однос на денешните, и семејствата како постабилни и посреќни во времето кога тие не морале да се соочат со проблемите како што се вонбрачните деца и разводот. Тие реагираат на ова велејќи дека "нема златно доба на семејството кое сјае во нас од далечното историско минато."[4] "Напуштањето на брачните другари, вонбрачните деца, како и други услови кои се сметаат за одлики на модерните времиња постоеле и во минатото."[5]

Постмодерното семејство уреди

Во западниот свет, браковите веќе не се аранжирани за економски, социјални или политички цели, и децата веќе не се очекува да придонесат на семејниот приход. Наместо тоа, луѓето избираат партнери врз основа на љубов. Ова зголемување на улогата на љубовта укажува на општествената промена кон фаворизирање на емоционална исполнетост и односи во рамките на семејството и оваа промена ја слабее институцијата на семејството.[6]

Едиповиот семеен модел уреди

Моделот на семејниот триаголник, маж-жена-деца изолирани од надворешноста, се нарекува Едипов модел на семејство, и е форма на патријархално семејство. Многу филозофи и психијатри го анализирале таквиот модел. Во таквото семејство, тврдат тие, младите се развиваат во изопачен однос, при кој тие учаат да го сакаат истото лице што ги удира и угнетува. Тие веруваат дека малите деца растат и развиваат љубов кон некој кој ги угнетува физички или ментално, и дека овие деца не се одгледуваат на начин што ќе ги направи емоционално приврзани со останатите.[7] Според овие филозофи семејството затоа претставува првата ќелија на фашистичкото општество, бидејќи децата ќе го носат овој однос на љубов за угнетувачки личности во нивните возрасни животи.[8][9]

Како што е објаснето од страна на Делез, Гатари и Фуко, како и други филозофи и психијатри, како што се Ленг и Рајх, патријархалното семејство зачнато во традицијата на Западот им служи на целите на овековечувањето на пропертарното и авторитарното општество.[10] Детето расте според Едиповиот модел, кој е типичен за структурата на капиталистичките општества,[11][12] и тој станува сопственик на покорни деца и “заштитник“ на жената.[13][14][15][16][17]

Мишел Фуко, во неговото систематско проучување на сексуалноста, тврди дека наместо да биде само потиснат, желбите на поединецот ефикасно се мобилизираат и да се користат,[8] за контрола на поединецот, за менување на меѓучовечки односи и контрола на масите. Според Фуко организираната религија, преку моралните забрани, и економските сили, преку рекламирањето, ги користи несвесните сексуални нагони. Доминирајќи ја желбата, ги доминира луѓето.[18]

Критика уреди

Одредени социјални научници се залагаат за укинување на семејството. Противник на семејството бил Сократ чии ставови се наведени од страна на Платон во Републиката.[19] Во Книга 5 од Републиката, Сократ им кажува на своите соговорници дека праведен град е оној во кој граѓаните немаат семејни врски.[20][21]

Според Марти Немко, семејството е преценето: „Политичари, свештеници, и обични луѓе го величат семејството како наша најзначајна институција. / Верувам дека семејството е преценето. Толку многу луѓе страдаат од семејството... / Милиони луѓе дури и не зборуваат со член од семејството. Милиони трошат години и пари на терапевти, обидувајќи се да се ослободат од злата кои семејството изврши врз нив. / Сето ова не треба да биде изненадување. Впрочем, за разлика од пријателите, ние сме со нашето семејство од потекло, по случаен избор, без да одлучиме.“[22]

Семејството како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Семејството како мотив во книжевноста уреди

Семејството како мотив во популарната музика уреди

  • „Семејна забава“ (англиски: Family Entertainment) — песна на ирската панк-рок група Андертоунс (The Undertones) од 1979 година.[31]
  • „Песна за едно семејство“ (англиски: Song For A Family) — песна на британската рок-група Inspiral Carpets од 1990 година.[32]
  • „Среќно семејство“ (англиски: Happy Family) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[33]
  • „Моето семејство е малку откачено“ (англиски: My Family Is A Little Weird) — песна на американската хардкор-панк група Millions Of Dead Cops од 1982 година.[34]
  • „Семеен портрет“ (англиски: Family Portrait) — песна на американската поп-пејачка Пинк (Pink) од 2001 година.[35]
  • „Ние сме среќно семејство“ (We're A Happy Family) — песна на американската панк-рок група Рамоунс (Ramones) од 1977 година.[36]
  • „Ние го уништуваме семејството“ (англиски: We Destroy The Family) — песна на американската панк-рок група Fear од 1982 година.[37]
  • „Бегства во семејството“ (англиски: Runs In The Family) — песна на американската фолк-рок група Роучис (The Roches) од 1979 година.[38]
  • „Семејна работа“ (англиски: Family Affair) — песна на американската соул-фанк група Sly & The Family Stone од 1971 година.[39]
  • „Враќање во семејството“ (англиски: Back To The Family) — песна на британската рок-група Џетро тал (Jethro Tull) од 1969 година.[40]

Семејството како мотив во филмот уреди

Литература уреди

Наводи уреди

  1. „Sociology/Founding the discipline“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2009-07-26.
  2. „Cultural Anthropology“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2009-07-22.
  3. „The Marxists Internet Archive“. Посетено на 2009-07-17.
  4. Zinn and Eitzen (1987) Diversity in American families, p. 8
  5. Zinn and Eitzen (1987) Diversity in American families, p. 8
  6. Coontz, Stephanie. 2005. Marriage, A History: How Love Conquered Marriage. New York: Viking/Penguin Books.
  7. „About Family“. Word Press. 31 March 2012. Архивирано од изворникот на 2014-12-23. Посетено на January 8, 2014.
  8. 8,0 8,1 Foucault (1984) Preface to the American edition of Anti-Œdipus pp. xiii–xvi.
  9. Wilhelm Reich (1933) The Mass Psychology of Fascism, Chapter V, The Sex-Economic Presuppositions of the Authoritarian Family
  10. Deleuze-Guattari (1972). Part 2, ch. 7, pp. 129–31
  11. Lacan 1938–2001, pp. 24–25, 56
  12. Fugier Pascal, 2007, p.226-8
  13. Wilhelm Reich [1936] The Sexual Revolution, Chapter V, The compulsive family as educational apparatus, pp. 71–77
  14. (италијански) Gianni Vattimo Tutto in famiglia Архивирано на 11 октомври 2007 г. (article appeared on Il Manifesto October 15, 2004), feltrinelli.it (италијански)
  15. (италијански) Daniele Luttazzi Bollito misto con mostarda Архивирано на 16 март 2015 г. (2005) p. 262, books.google.com
  16. Theodor W. Adorno and Stephen Crook Adorno ISBN 0-415-27099-5, p. 9-10, books.google.com
  17. E. James Anthony, The Family and the Psychoanalytic Process in Children (1980). Psychoanalytic Study of the Child, 35:3–34, pep-web.org
  18. Foucault, The History of Sexuality
  19. „Abolition of the Family for the Guardians and the Use of War (457b-471c)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-16. Посетено на 2014-12-06.
  20. SparkNotes: The Republic: Book V
  21. LitCharts | The Republic: Book 5 Summary, Analysis & Themes
  22. Nemko, Marty, "Family is Overrated", September 12, 2008.
  23. 23,0 23,1 Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 145-148.
  24. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  25. Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 21.
  26. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 13.
  27. „Бостанџија“, во: Михаил Шолохов, Донски раскази. Култура, Скопје, 1965, стр. 42-50.
  28. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 124-133.
  29. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 279-280.
  30. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 7-11.
  31. Discogs, The Undertones ‎– The Undertones (пристапено на 27.6.2020)
  32. Inspiral Carpets – Life (пристапено на 17.2.2023)
  33. King Crimson – Lizard (пристапено на 27.1.2023)[мртва врска]
  34. M.D.C.* – Millions Of Dead Cops (пристапено на 14.4.2023)
  35. YouTube, P!nk - Family Portrait (пристапено на 8.1.2017)
  36. Discogs, Ramones ‎– Rocket To Russia (пристапено на 13.9.2019)
  37. Discogs, Fear (3) – The Record (пристапено на 25.10.2022)
  38. The Roches – The Roches (пристапено на 10.10.2023)
  39. Sly & The Family Stone – There's A Riot Goin' On (пристапено на 22.2.2024)
  40. Discogs, Jethro Tull ‎– Stand Up (пристапено на 10.12.2020)
  41. РТС, Улога моје породице у свјетској револуцији (пристапено на 11.2.2021)
  42. Stjepan Šešelj: Liberanovi, hrvatski film (1979.) (пристапено на 9.10.2023)
  43. Fanny i Alexander, švedsko-francusko-njemački film (пристапено на 26.5.2023)
  44. РТС, Бољи живот (пристапено на 31.10.2022)
  45. IMDb, The Royal Tenenbaums (2001)Awards (пристапено на 14.6.2020)
  46. РТС, Инстант породица (пристапено на 10.2.2024)