Шираз вино се однесува посебно на две различни добро познати сорти вина. Историски, името се однесува на виното произведено околу градот Шираз во Иран.[1] Во сегашната ера, „Шираз“ е алтернативно име за грозјето Сирах, најчесто користено во Австралија и Јужна Африка. Модерното грозје „Шираз“ е идентично со Сира и потекнува од југоисточна Франција, поточно од Прованса без воспоставена врска со градот Шираз во Персија (Иран).

Четири шишиња вино Шираз во метро продавница во Линц, Австрија

Историја уреди

До деветтиот век, градот Шираз веќе воспоставил репутација за производство на најубаво вино во светот,[2] и бил главен град на Иран во Иран. Документиран е извозот на виното Шираз од европските трговци во 17 век. Како што е опишано од ентузијастичките англиски и француски патници во регионот, од 17 до 19 век, виното што се одгледувало во близина на градот било со послаб квалитет поради наводнувањето, додека најдоброто  ] Шираз вино, всушност било одгледувано во терасовидни лозја околу селото Колар. Овие вина биле бели и постоеле во два различни стила: како суви млади вина за скоро пиење и како слатки вина наменети за стареење ( оставање да зреат). Вториве вина биле споредувани со „старо шери “ (едно од најценетите европски вина до тој ден), а на петгодишна возраст се вели дека имале прекрасен букет и вкус на орев. Сувите бели вина Шираз (но не и слатките) биле ферментирани со значителен контакт со стеблото, што требало да ги направи овие вина прилично фенолни, односно богати со танини .[2]

Патниците ги опишале вината како бели, па се чини дека нема ампелографски описи за винова лоза или грозје. Марко Поло спомнувал вино, а други класични прикази опишувале лози тренирани од макари и тегови да растат од едната страна на куќата, а од друга долу.[3]

Британскиот поет Едвард Фиц Гералд подоцна го превел Рубијатот на Омар Кајам од персиски јазик, во кој се имаат собрано пофалби за вината Шираз.

Во модерен Иран, виното Шираз не можело да се произведува легално поради забраната за алкохол во исламот. Пред Исламската револуција во 1979 година, во Иран имало до 300 винарии кои сега ги нема. Како целина, Иран веќе не е земја за производство на вино, но на иранските христијани законски им е дозволено да ферментираат вино.[4]

Модерна ера уреди

И покрај името, не постои докажана врска помеѓу градот Шираз и современата сорта на црвено грозје „Шираз“, засадена во Австралија, Јужноафриканска Република, Аргентина, Канада, САД и некои други земји.[5][6] Модерното грозје Шираз, сега познато како идентично со грозјето Сирах, го донел во Австралија Џејмс Басби, таткото на австралиското вино. Басби патувал низ Шпанија и Франција собирајќи сечи од лоза што биле основа на австралиската винска индустрија.

Наводи уреди

  1. Hugh Johnson, "The Story of Wine", New Illustrated Edition, p. 58 & p. 131, Mitchell Beazley 2004, ISBN 1-84000-972-1
  2. 2,0 2,1 Entry on "Persia" in J. Robinson (ed), "The Oxford Companion to Wine", Third Edition, p. 512-513, Oxford University Press 2006, ISBN 0-19-860990-6ISBN 0-19-860990-6
  3. Lichine, Alexis (1967). Alexis Lichine's Encyclopedia of Wines and Spirits. London: Cassell & Company Ltd. стр. 495.
  4. vinepair.com
  5. Entry on "Shiraz" in J. Robinson (ed), "The Oxford Companion to Wine", Third Edition, p. 627, Oxford University Press 2006, ISBN 0-19-860990-6
  6. „Syrah“. Vitis International Variety Catalogue. Julius Kühn-Institut - Federal Research Centre for Cultivated Plants. Архивирано од изворникот на 2012-01-20. Посетено на December 8, 2009.