Виното (латински: vinum, во генетивниот падеж — vino) е алкохолен пијалак добиен со ферментација на грозјето, плод на растението лоза (односно Vitis vinifera). Во Европа, според законските регулативи, виното е производ добиен исклучиво со целосна или делумна алкохолна ферментација на свежо грозје, изгмечено или не, или на шира од грозје[1]. Трансформацијата на грозјето во вино се нарекува винификација. Науката за виното се нарекува енологија. Во некои други делови на светот, зборот вино може да се однесува и на алкохолен пијалак добиен од друг тип на овошје. Овие вина со едно име се нарекуваат овошни вина, или пак носат име според плодот кој се користел за нивно добивање (пример, јаболково вино или вино од малини).

Вино
Алкохол по волумен5,5%–15,5%
СостојкиГрозје
Варијанти
Чаша бело вино

Виното низ историјата уреди

 
Вино домашно

Во Стара Грција виното ја претставувало крвта на Дионис, истовремено било и напиток на бесмртноста. Во кинеските тајни здруженија, пак, виното (од ориз) се мешало со крв и при заклетвата се служело како причесно пиење, кое овозможувало да се доживее и старост од 199 години. А виното како симбол на сознание и просветеност го познаваат сите преданија, а посебно дионизиските митови.

Во библиското предание виното е пред сè симбол на радост, но и симбол на сите дарови што им ги дава Господ на луѓето. Виното како предизвикувач на пијанство е исто така и симбол на залуденост со која Господ ги казнува неверните и бунтовниците. Така, во Втората книга Ездра се вели дека виното „доведува до помрачување на умот“ и „го изедначува умот на цароти на сиромавиот, на робот и на слободниот, на бедниот и на богатиот; претвора секој ум во радост и веселба, па човек заборава секаква жалост и секаков долг, и сите срца ги прави то абогати, така што никој не мисли ни за царот ни за сатрапот, а секого го принудува да говори за своите таланти. Кога ќе се напијат, го забораваат пријателството кон пријателите и браќата... а кога ќе се отрезнат од виното, не помнат што правеле.“[2]

Во Новиот завет виното има голема симболика, иако не е секогаш лесно да се протолкува. Така на пример не е лесно да се протолкува претворањето на водата во вино што го направил Исус Христос на свадбата во Каан. Или на последната вечера, Исус на виното му дава нов симбол со зборовите: „Ова е крвта моја.“

Виното се доведува во врска со крвта како по бојата, така и по своето значење како билна есенција, па оттаму претставува напиток на животот или на бесмртноста.

Потекло на поимот уреди

Зборот доаѓа од латинскиот поим vinum, “вино” или “лоза”,добиени од праиндоевропското стебло *vin-o- (хетски: wiyana;Ликиски: oino;Старогрчки: οἶνος oinos;еолски: ϝοῖνοςwoinos).Најраните утврдени термини што се однесуваат на виното се Микенскиот me-tu-wo ne-wo(μέθυος νέου),што значи “месец на новото вино” или “фестивал на новото вино”,и wo-no-wa-ti-si,што значи “винска градина”,напишани во натписите на Линеарното писмо Б.Некои научници ги забележале сличностите помеѓу зборовите за вино на Картвелски јазик (на пр.Грузиски ღვინო [ɣvinɔ]),Индоевропски јазици(на пр.Руски вино [vino]),и Семитски (*wayn),укажувајќи на можноста за заедничко потекло на зборот што означува “вино” во овие јазични семејства.Некои научници тврдат дека Грузискиот јазик бил потеклото на овој збор и дека влегол во Индоевропските јазици преку Семитскиот.Застапниците на овој став тврдат дека во Картвелските јазици семантичката поврзаност на зборот “вино” (ღვინო - ghvino, ღვინი - ghvini, ღვინალ - ghvinal) е проследена во глаголот “ghvivili” (ღვივილი,да цвета,да предизвика,да врие,да ферментира)и коренот од “ghv” (ღვ),кој е заеднички семантички корен за многу секојдневни Картвелски зборови (на пр. “gaghvidzeba”, გაღვიძება-се разбудува, “ghvidzli”- ღვიძლი-црн дроб).Вината од овошје како што се јаболките и јагодите,обично се именувани според овошјето од коешто се произведени во комбинација со зборот “вино”(на пр.јаболково вино и крмусово вино) и се општо наречени овошно вино или кантри вино (да нема забуни со францускиот термин “vin de pays”).Покрај сортите на грозје кои традиционално се користат за производство на вино,повеќето овошја имаат природен недостиг или на високо количество на ферментирани шеќери,релативно ниска киселост,хранливи материи потребни да се развие или одржи ферментација,или комбинација од овие три одлики.Ова е веројатно една од главните причини зошто виното добиено од грозје било историски далеку пораспространето од другите видови и зошто одредени видови на овошно вино биле обично ограничени во регионите од каде што потекнувале овошјата или биле вовдени поради други причини.Други вина,како што се виното од јачмен(вид на јако вино) и саќето,се направени од материјали засновани на скроб и наликуваат повеќе на пиво отколку на вино,додека виното од ѓумбир е зајакнато со ракија. Во вториве случаи,терминот “вино” се однесува повеќе на сличностите во содржината на алкохолот отколку на процесот на производство.Комерцијалната употреба на англискиот збор “вино”(и неговиот еквивалент на други јазици) е заштитена со закон во многу подрачја на судска власт.

Историја уреди

Археолошки докази покажуваат дека најраното познато производство на вино,направено од ферментирано грозје е од доцниот Неолит или раниот Енеолит,веројатно порано од почетокот на шестиот милениум п.н.е.,помеѓу Кавказ и Блискиот Исток,со индиции за винарство во различни предели кои датираат од 6 000 години п.н.е. во Грузија,5 000 години п.н.е. во Иран,и 4 100 години п.н.е. во Ерменија.За време на еден опширен проект за генетска карта во 2006 година,археолози го анализирале наследството на повеќе од 110 винарски култури,ограничувајќи го нивното потекло до регион во Грузија,каде исто така биле пронајдени остатоци од вино на внатрешните површини на 8 000-годишни керамички бокали за складирање.Хемиски анализи на 7 000-годишно грнчарство укажува на раното производство на вино во неолитското село Хаџи Фируз Тепе во планините Загрос во Иран.Други значајни области на производство на вино се откриени во Грција и датираат од 4 500 години п.н.е.Истите предели исто така ги содржат најраните докази за гмечено грозје во светот.Информации за производство на вино пронајдени во 2011 година на ерменското мрежно место Areni-1 датирале до околу 4 100 години п.н.е.Литературни прегледи за вино се во изобилство во Хомер(8 век п.н.е.,но веројатно составени дури и порано),Алкман(7 век п.н.е.),и други.Во древниот Египет 6 од 36 амфори за вино биле пронајдени во гробницата на кралот Тутанкамон кои го носеле името на главниот царски винопроизводител Kha’y.Пет од овие амфори биле означени со потекло од личниот имот на царот, заедно со шестиот од имотот на кралската куќа на Атон.Траги од вино биле исто така пронајдени во Средна Азија Синѓанг во денешна Кина,кои датираат од вториот и првиот милениум п.н.е.Првото познато споменување на вината засновани на грозје во Индија е од крајот на 4 век п.н.е. во делата на Чанакја,главниот претставник на царот Чандрагупта Маурија.Во неговите дела тој ја осудува употребата на алкохол забележувајќи му на царот за честите уживања во својот двор на еден стил на вино познат како madhu (медовина).Извештај од страна на археолози во 2003 година укажува на можноста за мешање на грозјето со ориз за да се произведат мешани ферментирани пијалаци во Кина во раните години од седмиот милениум п.н.е.Бокалите од неолитскиот дел на Јиаху,Хенан содржеле траги од винска киселина и други органски соединенија кои обично се наоѓаат во вино.Сепак,други овошја вродени во регионот,како што е “глог” не може да се отфрлат.Ако овие пијалаци кои се чини дека се претходниците на саќето,вклучувајќи го и грозјето попрво него други овошја,тие би биле некои од неколкуте десетици вродени диви видови во Кина,отколку винова лоза,која била воведена таму околу 6000 години подоцна.Едно од трајните наследства на античката Римското Царство бил винарскиот темел поставен од страна на Римјаните во области кои денес се светски познати вински региони.Во областите со градови со гарнизони(на пр. Бордо,Трир и Колчестер),Римјаните засадиле лозја за снабдување на локалните потреби и ограничување на трошоците од меѓуградската трговија.Во средновековна Европа,Римокатоличката црква го поддржала виното бидејќи на свештенството му било потребно за мисата.Калуѓерите во Франција правеле вино со години зреејќи го во пештери.Стар англиски рецепт кој опстојувал во повеќе форми до 19 век повикува на прочистување на белото вино од лошо или расипано вино.

Видови на грозје уреди

Виното најчесто се прави од еден или повеќе европски видови на винова лоза како Пино Ноар,Шардоне,Каберне Совињон,Бургундец и Мерло.Кога еден од овие сорти се користи како најистакнатото грозје(обично утврдени со закон како минимални од 75% до 85%),реултатот е “сортно” спротивно на “мешано” вино.Мешаните вина не се сметаат за инфериорни во однос на сортните вина,подобро кажано тие се поинаков начин на производство на вино;едни од најпознатите ценети вина во светот,од региони како Бордо и долината на Рон, се мешавина од разни видови на грозје.Виното исто така може да биде направено од други видови на грозје или од хибриди,создадени од генетски вкрстувања на два вида.Vitis labrusca (од чија сорта е Конкорд) V.aestivalis,V.ruprestris,V.rotundifoliaV.riparia се природни видови на грозје во Северна Америка обично одгледувани за да се јаде свежо грозјето или за сок од грозје,мармалад или желе,и само понекогаш направени во вино.Хибридизација е различно од калемење.Повеќето од лозјата во светот се засадени со европската винова лоза која била накалемена на присади во Северна Америка, вообичаена работа која се должи на нивната отпорност на филоксера, вошка во коренот која најверојатно го усмртува виното. Во доцниот 19 век, повеќето од европските лозја(исклучувајќи некои од најсушните во југот) биле опустошени од заразата доведувајќи до широко распространета пропаст на виновата лоза и можно пресадување. Калемење е направено во секоја земја во светот каде што се произведува вино освен во Аргентина, Канарските Острови и Чиле-единствените земји кои сè уште не се изложени на инсектите. Во контекст на производството на вино,тероар е поим кој ги опфаќа сортите на грозје што се користат,висината и обликот на лозјето, видот и хемијата на почвата, климата и сезонските услови, и локалните култури. Низата на можни комбинации од овие фактори може да доведе до големи разлики меѓу вината,дејството на ферментацијата, зготвувањето, созревањето на процесите. Многу винарии користат методи на одгледување и производство кои ги одржуваат или истакнуваат аромата и влијанијата од вкусот на нивниот уникатен тероар. Сепак, разликите во вкусот се помалку пожелни за производителите на трпезното вино на масовниот пазар или други поевтини вина,каде составот има предност. Таквите производители се обидуваат да ги намалат разликите во изворите на грозје преку техники на производство како што се микро-оксигенација,танини филтрација, крос-проток филтрација, испарување и дестилација.

Класификација уреди

Класификацијата и продажбата на вино ги раководат правилата во многу региони во светот.Европските вина се стремат да бидат класифицирани по регион(пр.Бордо,Риоха и Кијанти),додека неевропските вина најчесто се класифицирани според грозјето(пр.Пино Ноар и Мерлот).Признавање на одредени региони на пазарот неодамна водеше кон зголемена важноста на етикетите на неевропското вино.Примери на познати неевропски локации ги вклучуваат долината Напа и долината Сонома во Калифорнија; долината Виламет во Орегон; долината на Колумбија во Вашингтон; долината Бароса во јужна Австралија и долината на Хантер во Нов Јужен Велс; централната долина во Чиле; Вале дос Винхедос во Бразил; Хоков Залив и Марлборо во Нов Зеланд и долината на Оканаган и полуостровот Нијагара во Канада.Некои од имињата на мешани вина се маркетинг термини чија употреба е регулирана со закон за заштитен знак наместо со посебни закони за вино.На пример Меритаж (звучи како “наследство”) е генерално Бордо-стил мешавина од Каберне Совињон и Мерло,но исто така може да ги вклучува и Каберне Франк,Пети Вердо и Малбек.Комерцијалната употреба на терминот Меритаж е дозволена само преку договори за лиценцирање со асоцијацијата Меритаж.

Европска класификација уреди

Франција има различни имиња на системи засновани на концептот на тероар,со класификации кои се движат од “трпезно вино” на дното,преку виното на земјата и (фран.) “ Appellation d'Origine Vin Délimité de Qualité Supérieure” (AOVDQS) до Appellation d'Origine Contrôlée (AOC)-(мак.) Следење на автентичноста на потеклото или слично во зависност од регионот.Португалија има развиено систем сличен со оној на Франција,и всушност го пронајде овој концепт во 1756 г. со кралска повелба создавајќи го разграничениот регион Дуро и регулирајќи го производството и прометот на виното.Германија создала слична шема во 2002 г.,иако сè уште не го постигнала авторитетот од системите за класификација на другите земји.Шпанија,Грција и Италија имаат класификации засновани на двоен систем на регионот за потеклото и квалитетот на производот.

Надвор од Европа уреди

Нови светски вина-оние кои се направени надвор од традиционалните вински региони од Европа најчесто се класифицирани според грозјето наместо според тероарот или регионот на потекло,иако имало неофицијални обиди да се класифицираат според квалитетот.

Гроздобер уреди

“Висококвалитетно вино” е направено од грозје кое цело или повеќето било одгледано во одредена година и означено како такво.Некои земји дозволуваат висококвалитетно вино за да вклучат мал дел кој не е од именуваниот гроздобер.Разликите во својствата на виното од година на година можат да вклучат суптилни разлики во боја,вкус,мирис,тело и развој.Висококвалитетните вина можат да го подобрат вкусот со време ако се правилно складирани.Според тоа за приврзаниците на вино и трговците не е невообичаено да чуваат шишиња од особено добро висококвалитетно вино за идна потрошувачка.Во САД за виното да биде обрано на време и означено со земјата на потекло или “American Viticultural Area” (AVA)(мкд.)Американска винарска област(АВА)(пр.долината на Сонома),95% од неговиот волумен мора да биде од грозјето обрано во таа година.Ако виното не е означено со земјата на потекло или АВА процентот на барањето е намален на 85%.Висококвалитетните вина обично се полнат во една серија така што секое шише ќе има сличен вкус.Климатското влијание на својството на виното значително доволно да придонесе различни вина од исто лозје да се разликуваат драстично во вкус и квалитет.Така висококвалитетните вина се произведени да бидат карактеристични поединечно на одреден гроздобер и да служат како водечки вина на производителот.Гроздоберите со подобар квалитет од реномирани производители и региони често ќе располагаат со многу повисоки од нивните просечни цени.Некои висококвалитетни вина (на пример Брунело,се направени се подобро од просечните години).За истрајност,вината кои не се од добра берба можат да бидат мешани од едно и повеќе вина,што им помага на винопроизводителите да издржат сигурна слика на пазарот,и да ја одржат продажбата дури и во лоши времиња.Едно неодамнешно проучување претпоставува дека за просечниот љубител на вино,добрата берба можеби нема да биде толку значајна за согледаниот квалитет,како што се мислело,иако познавачите на вино продолжуваат да придаваат големо значење на тоа.

Дегустација уреди

Дегустација е сетилното испитување и оценување на виното.Вината соджат многу хемиски соединенија слични или идентични со оние во овошје,зеленчук и зачини.Блажината на виното се одредува од количината на преостанатиот шеќер во виното по ферментацијата,соодветен со киселоста која е присутна во виното.На пример,сувото вино,има само мала количина на преостанат шеќер.Некои етикети на виното советуваат да се отвори шишето и да се остави малку да “дише” неколку часа пред послужувањето,додека други препопрачуваат да се пие веднаш.Преточување(чинот на пресипување на виното во посебен сад за “здивнување”) е конторверзна тема меѓу приврзаниците на вино.Покрај проветрувањето,преточувањето со филтер овозможува отстранување на горчливите талози кои можат да се формираат во виното.Талогот е почест во постари шишиња,но проветрувањето може да биде од корист кај помладите вина.Во текот на проветрувањето,изложувањето на младите вина на воздух,често го “олабавува” пијалакот,правејќи го поблаг и подобро интегриран во арома,состав и вкус.Постарите вина обично “слабеат”(го губат интензитетот на нивното својство и вкус) со долготрајно проветрување.И покрај овие општи правила,дишењето не е неопходно за доброто на сите вина.Виното може да биде да биде испробано штом се отвори шишето,за да се утврди колку долго треба да биде проветрено,ако е воопшто.При дегустација на виното,можат да бидат откриени одредени вкусови,поради сплет на мешавина од органски молекули (на пример естери и терпени) кои можат да се содржат во сокот од грозје и виното.Искусните дегустатори можат да прават разлика помеѓу вкусови карактеристични за одредено грозје и вкусови кои произлегуваат од други фактори во производството на вино.Типичните интернационални елементи на вкус во виното-чоколадо,ванила или кафе се оние пренесени од стареење во дабови буриња наместо од грозје.Вкусовите на банана (изоамил ацетат) се производ од обработката на квасецот,како и губење на ароми како што се запареност,миризбата(смрдеата),мирис на изгорено (4-етилфенол и 4-етилгуасол) и расипано јајце (водороден сулфид).Некои вина направени од една сорта грозје може да покажат минерален вкус поради присуството на растворливите соли во вода како резултат од присуството на варовник во почвата на лозјето.Аромата на виното доаѓа од испарливите соединенија ослободени во воздухот.Испарувањето на овие соединенија може да биде забрзано со вртење на чашата за вино или сервирајќи на собна температура.Повеќето кои пијат вино претпочитаат да ги уживаат црвените вина кои се веќе високо ароматизирани како Шинон и Божоле.Идеалната температура за сервирање на виното е дискутабилно прашање но се појавија некои пространи насоки кои ќе го зголемат искуството на дегустација на одредени општопознати вина.Белото вино треба да го негува чувството на свежина постигнато со служење на “подрумска температура” од (55°F-фаради/13°C-степени целзиусови).Светлите црвени вина,треба исто така да бидат донесени на маса на оваа температура,каде брзо ќе се зголеми за неколку степени.Црвените вина обично најубаво се гледаат кога се служат на собна температура (fran.chambre).Сепак ова не се однесува на температурата на трпезаријата-која најчесто е околу 70°F-фаради/21°C-степени целзиусови,туку на најладната соба во куќата која,според тоа,секогаш е малку поладна од трпезаријата.Пино Ноар треба да биде донесено на маса за сервирање на 60°F/16°C и ќе ја постигне целосно неговата арома на 65°F/18°C.Сортите Каберне Совињон,Зинфандел и Рона треба да се сервираат на 65°F/18°C и да се овозможи да се стоплат на масата до 70°F/2°C за најдобра арома.

Собирање уреди

 
Буриња за вино
 
Буриња за вино во винаријата Картал

Извонредните берби од најдобрите лозја можат да продаваат илјадници долари по шише,сепак поширокиот израз “добро вино” ги опфаќа оние типични во малопродажбата во износ поголем од 30-50 долари.”Инвестициски вина” некои ги сметаат за добра вредност: оние за кои расте побарувачката подобро отколку да се намалува како што растат нивните цени.Најчестите вина купени за вложување ги вклучуваат оние од Бордо и Бургундија;култни вина од Европа и од други места.Одликите на високо платените вина вклучуваат: 1.Забелешки како доказ за доброто одржување во текот на целиот период 2.Период на користење (односно периодот на зрелост и достапност-одзив) кој е долгогодишен 3.Консензус помеѓу експертите во врска со квалитетот на вината 4.Прецизни методи на производство во секоја фаза,вклучувајќи ги избирање на грозје и соодветно созревање во буре

Инвестирањето во добро вино ги привлече оние кои ги користат предностите од релативните незнаења на нивните ‘жртви’ од овој сектор за вино.Ваквите измамници често заработуваат со наплатување на претерано високи цени на гроздобер или вина од понизок статус од добро познати вински региони,тврдејќи дека нудат звучно инвестирање непроменето од економското струење.Со секоја инвестиција темелното истражување е неопходно за да се направи запознаена одлука.

Производство и потрошувачка уреди

Грозјето за вино расте исклучиво помеѓу 30 и 50 степени географска ширина, северно и јужно од екваторот. Најјужните лозја во светот се наоѓаат во Централно Отаго, во регионот на Јужниот Остров на Нов Зеланд, во близина на 45 паралела на југ, а најсеверните се во Флен, Шведска, над 59 паралелата на север.

Според Институтот за вино од Калифорнија, врз основа на податоците од 2012 година, најголеми потрошувачи на вино се Европејците, при што, на врвот на списокот е Ватикан, со годишна потрошувачка од приближно 74 литри вино по жител. Потоа, следува Андора, со потрошувачка од 46 литри по жител, а на третото место е Франција. Со просечна потрошувачка од 43 литри, на петтото место е Словенија, шеста е Хрватска, со потрошувачка од 42 литра по жител, а на седмото место е Македонија, каде во просек се испиле 41,5 литри вино по жител. Меѓу земјите во кои се испиле над 30 литри по жител спаѓале и Швајцарија, Италија, Австрија, Грција и Белгија.[3] Во 2014 година, според Меѓународната организација на производители на вино, Франција, со 46,2 милиони хектолитри, повторно се вратила на првото место како најголем производител на вино во светот, откако во 2012 година паднала на второто место. Покрај неа, најголеми производители се Италија (со 44,4 милиони хектолитри), Шпанија (со 37 милиони хектолитри) и САД (со 22,4 милиони хектолитри).[4].

Производство и потрошувачка во Македонија[5] уреди

Во Македонија во 2017 година имало 48 000 земјоделски стопанства со лозови насади, засадени на 23 613 хектари со 88 милиони пенушки. Во домашни услови се произвело 70 200 тони грозје од кое се добило 13 милиони литри вино, додека 77 винарии произвеле 78,50 милиони литри вино на точење и 28,05 литри вино во шишиња.

Прометот на вино во 2017 година изнесувал 14,9% од вкупниот промет на алкохолни пијалаци.

Полнолетните македонски граѓани во 2017 година испиле по 2,2 литри вино.

Извоз и увоз на вино од/во Македонија уреди

Во 2017 година Македонија остварила извоз од 52,4 милиони американски долари и била рангирана на 28 место според извозот на вино, а увозот бил во вредност од 699.000 американски долари и Македонија била рангирана на 173 место[6],[7]

Употреба уреди

Виното е популарен и важен пијалак кој придружува и разубавува широк спектар на европски и средоземни кујни, од едноставните и традиционалните до најсофистицираните и сложените. Виното е важно во храната не само за неговата вредност како пијалак, туку како претставник на вкусот, првенствено во сосови и готвење, бидејќи неговата киселост дава баланс на хранливи солени или слатки јадења. Црвени, бели и пенливи вина се најпопуларните видови и се познати како “лесни вина”, бидејќи тие содржат само 10-14% алкохол. Аперитивните и десертните вина содржат 14-20% алкохол, од кои неколку биле засилени (на пример, со ракија) за да бидат посилни и послатки.

Религиозна значајност уреди

Антички религии уреди

Употребата на виното во религиозни церемонии е заедничка за многу култури и области.Виното е често вклучено во либациите, и верските тајни на Дионис го користеле виното како причесен ентеоген за да ја поттикне свеста на државата.

Јудаизам уреди

Виното е составен дел од еврејските закони и традиции.Кидушот е благословување искажан преку виното или гроздовиот сок да го прогласи за свет Шабат.На Пасха за време на Седерот,рабинска обврска на мажите и жените е да испијат четири чаши вино.Во светилиштето и во шаторот во Ерусалим,либацијата на виното била дел од жртвената служба.Забележете,ова не значи дека виното е симбол на крвта,честа заблуда која придонесува за митот за клеветена крв.Благословувањето преку виното пред консумирање кажа дека пијалакот е: "Baruch atah Hashem (Adonai) Eloheinu melech ha-olam, boray p’ree hagafen" –“Славен да биде господар,нашиот Бог,Крал на универзумот,Творец на овошјето од виновата лоза”.

Христијанство уреди

Во христијанството виното се користи во светиот обред наречен Евхаристија, кој потекнува од приказот во Евангелието од Тајната вечера (Евангелието според Лука 22:19) кое го опишува Исус како дели леб и вино со неговите приврзаници наредувајќи им „направете го ова во сеќавање на мене”. Верувањата околу природата на Евхаристијата се разликуваат меѓу називите. Додека некои христијани употребата на виното од грозје ја сметаат како неопходна за важноста на светата тајна, многумина протестанти исто така овозможуваат (или бараат) пастеризиран сок од грозје како замена. Виното се користело во Евхаристичките обреди од страна на сите протестантски групи сè додека не произлегла друга алтернатива во доцниот 19 век. Методист, стоматолог и прохибиционист Томас Брамвел Велч применил нови техники за пастеризирање за да се сопре процесот на природната ферментација на сокот од грозје. Некои христијани кои биле дел од развивањето на движењето за ограничување на конзумирање на алкохол спровеле врска за претворање на виното во сок од грозје, замената се раширила бргу речиси насекаде низ САД,како и во другите земји во понизок степен.Останува дебатата помеѓу некои американско-протестантски групи за тоа дали виното може и треба да се користи за Евхаристијата или да се дозволи како обичен пијалак.

Ислам уреди

Алкохолните пијалаци,вклучувајќи го и виното се забранети во повеќето изложувања на исламскиот закон.Иран претходно имаше просперитетна винска индустрија која исчезнала по Исламската револуција во 1979 година.Во Голема Персија mey ( персиско вино) беше централна тема на поезијата за повеќе од илјада години,долго време пред доаѓањето на исламот.Некои секти како Алевите го користеле виното во нивните богослужби.Одредени исклучоци за забраната за алкохол се применуваат.Алкохолот добиен од друг извор,освен од грозјето(или неговите нус производи) и датумот е дозволен во многу мали количини (слободно дефинирано како количина што не предизвикува опиеност) на училиштето за правни науки Hanafi за посебни намени (како што е медицината),каде што целта не е опиеност.Сепак,модерните ученици на Hanafi консумирањето на алкохол го сметаат како целосно забрането.

Влијание врз здравјето уреди

Иако прекумерното консумирање на алкохол има негативни ефекти врз здравјето,епидемиолошките студии постојано покажуваат дека умереното консумирање на алкохол и вино е статистички поврзано со намалување на смртноста која се должи на кардиоваскуларни случаи како што е срцевата мана,според додатните вести на францускиот парадокс. Овој парадокс се однесува на релативно намаленото појавување на коронарна срцева болест во Франција и покрај релативно високите нивоа на заситени масти во традиционалната француска исхрана. Некои епидемиолози се сомневаат дека оваа разлика се должи на големата потрошувачка на вино од Французите, но научниот доказ за оваа теорија е ограничен. Бидејќи просечниот умерен консуматор на вино е поспособен да вежба почесто,да биде повеќе свесен за здравјето,и да биде од повисокообразовна и социо-економска класа, поврзаноста помеѓу умереното консумирање на вино и подобро здавје можат да бидат поврзани со збунувачките фактори или да претставуваат заемна врска подобро отколку причина и последица. Истражувањата на населението ја проучија кривата линија-Ј во поврзаноста помеѓу потрошувачката на вино и ризикот од срцеви заболувања: тешките алкохоличари имаат зголемен ризик, додека умерените косуматори(до 20 гр. алкохол на ден,приближно 120 мл.) (13% алкохол во вино) имаат помал ризик отколку апстинентите. Истражувањата исто така покажале дека умереното консумирање на други алкохолни пијалаци може да биде корисно, иако здружението е значително порешително за вино. Дополнително, некои истражувања пронашле поголеми здравствени придобивки од црвеното отколку од белото вино, меѓутоа други истражувања не пронашле никаква разлика. Црвеното вино содржи повеќе полифеноли од белото вино, и за нив се смета дека се особено заштитнички од кардиоваскуларни болести. Хемикалијата во црвеното вино наречена ресвератрол се покажа дека има и заштитнички и хемотераписки ефекти во истражувањата кај животните. Мала доза на ресвератрол во исхраната на средовечни глувци има распространето влијание на генетските фактори поврзани со стареењето и може да му оствари посебна заштита на срцето.Поточно,малите дози на ресвератрол ги имитираат ефектите од ограничувањето на калории-диети со 20-30% помалку калории отколку во типичната исхрана.Ресвератролот се произведува природно од грозје како реакција на габична инфекција,вклучувајќи ја и изложеноста на квасец во текот на ферментацијата.Бидејќи белото вино има мошне мал контакт со лушпата на грозјето во текот на овој процес,обично содржи пониски нивоа на хемикалија.Корисните состојки во виното,исто така,вклучуваат и други полифеноли,антиоксиданси и флавоноиди.За да има целосно корист од ресвератролот во виното,се препорачува да се пијат полека мали голтки.Поради деактивирање во утробата и црниот дроб,повеќето од консумираниот ресвератрол пиејќи црвено вино,не постигнува циркулација на крвта.Меѓутоа,коа се пие полека,апсорпцијата преку мукозните мембрани во устата може да резултира до 100 пати повисоки нивоа на крвта од ресвератролот.Црвените вина од јужниот дел на Франција и од Сардинија во Италија се открило дека имаат највисоки нивоа на процијаниди,соединенија во семките на грозјето кои се сметаат за одговорни за користа од црвеното вино за срцето.Црвените вина од овие области содржат помеѓу две и четири пати повеќе процијаниди отколку другите тестирани црвени вина.Процијанидите ја потиснуваат синтезата на пептид наречен ендотелин-1 кој ги стеснува крните садови.Истражување од 2007 година открило дека обете црвените и белите вина се корисни антибактериски причинители против притисоците од стрептококата.Покрај тоа,извештајот во изданието на “Cancer Epidemiology, Biomarkers and Prevention” октомври 2008 година ,претпоставува дека умереното консумирање на црвено вино може да го намали ризикот од рак на бели дробови кај мажите. Додека доказите од лабораторија и епидемиолошки (набљудувачки) студии советуваат дејствување на заштита на срцето,неконтролирани истражувања беа исполнети со последицата од алкохолните пијалаци на ризик од развивање на срцеви заболувања или мозочен удар. Прекумерното консумирање на алкохол може да предизвика цироза на црниот дроб и алкохолизам. “American Heart Association ” ги предупредува луѓето “консултирајте се со вашиот доктор за придобивките и ризиците од консумирање на алкохол во умерени количини”.Влијанието на виното на мозокот е исто така под истражување.Една студија заклучила дека виното направено од сортата на грозје Каберне Совињон го намалува ризикот од Алцхајмеровата болест. Друга студија открива дека кај алкохоличарите,виното го оштетува хипоталамусот во поголем степен од другите алкохолни пијалаци.Сулфидите во виното,кај некои луѓе, особено кај оние со астма,можат да предизвикаат негативни реакции. Сулфидите се присутни во сите вина и се формирани како природен производ од процесот на ферментација;многу луѓе кои прават вино додаваат сулфур диоксид,со цел да помогнат за зачувување на виното. Сулфур диоксид исто така се додава во харана како суви кајсии и сок од портокал.Нивото на додадените сулфиди варира;некои вина се продаваат со мала содржина на сулфид. Едно истражување на жени од Велика Британија, наречено “The Million Women Study ”, заклучува дека умереното консумирање на алкохол може да го зголеми ризикот на одредени видови на рак, вклучувајќи ги рак на градите, грлото и црниот дроб. Главниот автор на истражувањето, професорот Валери Берал, изјавил дека имало оскудни докази за тоа дека кој било позитивен ефект од црвеното вино врз здравјето го надминува ризикот од рак. Таа рекла: „Апсолутен мит е дека црвеното вино е добро за тебе”. Професорот Роџер Кордер, автор на The Red Wine Diet спротивставува дека две мали чаши на црвено вино богато со многу танин-процијанид ќе биде од корист, иако „повеќето вина во супермаркетите се со низок процент на процијанид и висок процент на алкохол”.

Фалсификување и манипулирање со вината уреди

Случаи на измама како што се погрешното етикетирање на потеклото и квалитетот на вината,резултираа со прописи за етикетирање. “Скандалите за виното” кои го добиле вниманието на медиумите вклучуваат: • “1985 Diethylene Glycol Wine Scandal ” каде што диетилен гликол се користел како засладувач во некои австриски вина. •Во 1986 г., метанолот (отровен вид на алкохол) се користел за да се променат одредени вина произведени во Италија. •Во 2008 г., се открило дека некои италијански вина содржат сулфурна киселина и хлороводородна киселина. •Во 2010 г., се открило дека некои црвени кинески вина биле расипани,и како последица на тоа кинеската провинција Хебеј затворила речиси 30 винарии.

Пакување уреди

Повеќето вина се продаваат во стаклени шишиња и се затворени со тапи (50% од нив доаѓаат од Португалија).Зголемен број на производители на вино користеле разни затворачи како метални капачиња и „тапи” од синтетичка пластика.Иако алтернативните затворачи се поевтини и спречуваат тапата да се извалка,обвинети се за проблеми како прекумерно снижување. Некои вина се пакуваат во дебели пластични кеси во брановидни кутии од дрвени влакна кои се наречени „вина во кутии” или „вино во буре”. Подвиткан во пакувањето се наоѓа чеп кој е прицврстен за кесата во кутијата, или славина која подоцна се тегне од страна на консуматорот за сервирање на количеството. Виното во кутија може да остане прифатливо свежо и до еден месец по отворањето, бидејќи со оддавање на виното славината пропаѓа, ограничува контакт со воздухот, и на тој начин ја забавува брзината на оксидацијата.За разлика од нив,флашираното вино оксидира побрзо по отворањето,поради зголемувањето на соодносот помеѓу воздухот и виното при оддавање на количината. Може да се снижи значително во неколку дена. Размислувањата од животната средина за пакувањето на виното покажуваат предности и недостатоци за флашираните вина и вината во кутија. Стаклото кое се користи за правење на шишиња е нетоксично, природно појавена супстанца комплетно рециклирана, додека пластиката која се користи за садовите кај виното во кутија се вообичаено уште помалку еколошки настроени. Сепак, производителите на шишиња за вино беа наведени за прекршување на одредбата за чист воздух. Воведна статија во Њујорк тајмс укажува дека виното во кутија, кое е со помала тежина во пакувањето, има намалена јаглеродна стапка од неговата распределба; сепак пластиката кај виното во кутија иако можеби е рециклирана, може да биде потешка (со тоа и скапа) за обработка отколку стаклените шишиња. И додека кутијата за вино е рециклирачка, нејзиниот пластичен чеп најверојатно не е.

Чување уреди

 
Винарија Тиквеш

Винарските визби, или просториите за вино, доколку се над земјата, се места специјално дизајнирани за складирање и стареење на виното. Во „активна” винарска визба, температурата и влажноста се одржувани со систем за конторлирање на климата. „Пасивните” винарски визби не се климатски одржувани, па мора да бидат внимателно поставени. Бидејќи виното е природен прехранбен производ, сите видови-вклучувајќи ги црвено,бело,пенливо и зајакнато-можат да се расипат кога се изложени на топлина, светлина, вибрации или флуктуации во температурата и влажноста. Кога се правилно складирани, вината можат да го задржат нивниот квалитет а во некои случаи да се подобрат во мирисот, вкусот и сложеноста во текот на стареењето. Некои експерти за вино тврдат дека најповолната температура за стареење на виното е 55°F(фаради)/13°C(степени целзиусови), а други 59°F/15°C. Ладилниците за вино нудат алтернатива на винарските визби и се достапни во капацитети од мали, 16 оддели со шишиња кои имаат квалитетни делови кои можат да содржат 400 шишиња. Ладилниците не се идеални за стареење, туку служат да се излади виното до совршената температура за пиење. Овие ладилници ја одржуваат влажноста ниска (обично под 50%), под најповолната влажност од 50% до 70%. Ниските нивоа на влажноста можат да ги исушат тапите со текот на времето, дозволувајќи му на кислородот да навлезе во шишето, со што се намалува квалитетот на виното поради окцидацијата.

Виното како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Виното се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура.

Виното како тема во книжевноста уреди

Мисли за виното уреди

  • Книга Мудрост Сирахова (31:29): „Не покажувај јунаштина во виното; многумина виното погубило.“[21]
  • Книга Мудрост Сирахова (31:31): „Виното е корисно за животот на човекот, ако се пие умерено.“[22]
  • Книга Мудрост Сирахова (31:33): „Виното е радост за срцето и утеха на душата, ако се пие умеренои навреме.“[23]
  • Шарл Бодлер: „Сите што морале да ја смират грижата на совеста, да поттикнат некој спомен, да залијат некоја болка, да изградат кули во воздухот, сите ве привикувале вас, таинствени богови скриени во плодовите на лозата... Виното е налик на човекот: никогаш не се знае до која мерка можеме да го цениме или да го презираме, ниту за колку прекрасни потези и чудовишни злосторства е способно...“
  • Џакомо Леопарди: „Виното е најсигурниот (без споредба) и најделотворениот утешител. Според тоа, тоа е сила, тоа е природа.“[24]
  • Мигел де Сервантес: „Виното што човекот го пие умерено никогаш никому не му предизвикало штета.“[25]

Виното како тема во популарната музика уреди

  • „Јоргованово вино“ (англиски: Lilac Wine) - песна на американскиот рок-музичар Џеф Бакли (Jeff Buckley) од 1994 година.[26]
  • „Јаболка и вино“ (српски: Jabuke i vino) - песна на Жељко Бебек и на српската поп-група Зана.[27]
  • „Црвено, црвено вино“ (англиски: Red red wine) - песна на британската поп-група УБ 40 (UB 40).[28]
  • „Евтино вино“ (англиски: Cheap Wine) - песна на австралиската поп-рок група Колд Чизел (Cold Chisel) од 1980 година.[29]
  • „Алигаторско вино“ (англиски: Alligator Wine) - песна на американските композитори М. Лајбер и Џ. Столер.[30]
  • „Црвено, црвено вино“ (англиски: Red red wine) - песна на американската рок-група Риплејсментс (The Replacements).[31]
  • „Летно вино“ (англиски: Summer Wine) - песна на американското дуо Ненси Синатра (Nancy Sinatra) и Ли Хејзелвуд (Lee Hazlewood) од 1968 година.[32]

Виното како тема во македонското народно творештво уреди

Македонски народни поговорки за виното[34] уреди

  • Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам.
  • Боцни пръчка, пи вино!
  • Во фети меој младо вино не се туриват.
  • Жена млада и вино старо земај.
  • Кој вечерат вино, ќе ручат вада.
  • Кој вино пијат, без невеста спијат.
  • Кој вино пијат, на бунишче спијат.
  • Кој вино сакат, тој без гашчи скакат
  • Кој вино фалит, во калта се ваљат.
  • Мама вино не пијат, коза сено не јадит.
  • Млада жена имај си, старо вино купи си и ич гајле немај си.
  • Од благо вино гз болит.
  • Од вода водет, од вино носет.
  • Сирење без дупчиња, леб со дупчиња, вино без пена и раќија со пена секогаш се арни.
  • Ако пиеш вино, вино пи, а не пи си го умо.
  • Блаосоено вино, а проклето пијанство.
  • Вино носит, вода пиет.
  • Да не даваш милостина вино и ракија, оти грео не ти се проштаа.
  • Диви волци виеја кај што вино пиеја.
  • Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака.
  • Пријатели има и за чаша вино и ракија.
  • Ракија и вино со пари го пиет, водата бадијала ет и не пиет.
  • Сади прачка, пи вино — не бидуа.
  • Умнио чоек ако пие вино и ракија, ама умо не си го пиет.
  • Бацни прачка, пиј вино.
  • Од вино и раќија нема прокопција.
  • Бодни прачка пиј вино.
  • Вино носи, вода пиј.
  • Кој вино сакат, тој без невеста скакат.
  • Благослоено вино, а проклето пијанство.
  • Доброто вино само се фали.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Според Законот за вино на Република Македонија. Службен весник на РМ бр. 50
  2. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 521.
  3. "Македонија на 7. место во светот по пиење вино", Дневник, година XVIII, број 5409, петок, 7 март 2014, стр. 8.
  4. „Франција е повторно најголем произведувач на вино“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 9.
  5. [ http://www.stat.gov.mk/InfoGraphic/Vino2017mk.pdf За виното низ бројки] на семрежното место на Заводот за статистика на Република Македонија
  6. Извозници на вино по земја на семрежното место на Worldstopexports
  7. Најголеми увозници на вино на светот на семрежното место на Worldstopexports
  8. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 388.
  9. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 395.
  10. „Марко пије уз Рамазан вино“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 129-131.
  11. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 128-129.
  12. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 43-44.
  13. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 37.
  14. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 49.
  15. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 66-67.
  16. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 84.
  17. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 119.
  18. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 28.
  19. „Белешка за авторот и делото“, во: Џон Фанте, Прашај ја правта. Скопје: Темплум, 2008, стр. 247-248.
  20. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 60-61.
  21. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 878.
  22. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 878.
  23. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 878.
  24. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 110.
  25. Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 15.
  26. DISCOGS, Jeff Buckley ‎– Grace (пристапено на 21.4.2020)
  27. YouTube, Zeljko Bebek i Zana: Jabuke i vino (пристапено на 8.4.2017)
  28. YouTube, UB40 - Red Red Wine (пристапено на 8.4.2017)
  29. YouTube, Cold Chisel - East (1980) Full Album (пристапено на 29.9.2017)
  30. Discogs, Jeff Buckley ‎– Grace (пристапено на 21.4.2020)
  31. YouTube, The Replacements - Pleased To Meet Me (Full Album) 1987 (пристапено на 7.6.2017)
  32. DISCOGS, Nancy & Lee* ‎– Nancy & Lee (пристапено на 1.3.2020)
  33. Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, 2006.
  34. „Македонски пословици“. Посетено на 28 јуни 2019.