Црква „Св. Архангел Михаил“ - Виница

црква во градот Виница

„Свети Архангел Михаил“православен храм во градот Виница, Источна Македонија.

Свети Архангел Михаил

Градската црква во Виница

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Виничка
Местоположба

Карта

Место Виница
Општина Виница
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Архангел Михаил
Изградба непознато, 1850
Осветување 1973 од Митрополит Злетовско-струмички Наум
Живопис XX век
Зограф Цветков Венко
Водство Протоереј Бранко Богданов
Архитектонски опис

Историја уреди

Црквата е една од поголемите цркви во Виничко и се наоѓа во центарот на градот Виница. Црквата е посветена на Св.Архангел Михаил. Изградена е во 1850 год. за што сведочи мермерната плоча со натпис над влезната врата, во која се споменува годината на ѕидањето, 1850, султанот Меџид Абдула и археопископот Климент. Не е утврдено дали црквата е градена тогаш или само обновена. Во 1970 год. е срушена и на истото место во 1973 год. е изградена поголема трикорабна базилика со полукружна апсида одвнатре и седмострана однадвор. Направена е од кршен камен и малтер и со дрвен рамен таван. Со новите доградувања црквата добила нагласена издолжена форма.[1][2]

Живопис уреди

Фрескоживописана е во 20 век од страна на ликовниот уметник Цветков Венко од Штип. Над западниот влез е украсена со мозаик на кој е прикажан Св. Архангел Михаил. Црквата има регистрирано 96 икони, од кои 69 се на дрвениот иконостас изработени во 19 век. Две икони се датирани. “Св. Теодор Тирон” од 1890 г. , и “Св. Богородица со Христос” од 1899 г. Иконата на кој е претставен Св. Пантелејмон од 1890 г. е реставрирана во 1917 г.[1][2]

Поврзано уреди

Црквата својот патрон го прославува на 21 Ноември на денот на Св. Архангел Михаил. Светител на тие простори бил почитуван уште во ранохристијанскиот период и на кој е посветена теракотна икона Св. Архангел Михаил. Црквата располага со сопствена библиотека.[1][2]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Музеј Теракота Виница“. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 2011-10-31.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Брегалничка епархија“. Архивирано од изворникот на 2013-02-28. Посетено на 2013-02-22.

Надворешни врски уреди