Општина Виница — општина која се наоѓа во Источна Македонија. Општината ја сочинуваат градот Виница и уште 16 населени места. Општината има 19.938 жители (податок од 2002 г.). Седиште на општината е градот Виница.

Општина Виница
Општина
Знаме на Општина ВиницаГрб на Општина Виница
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеВиница
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникМиле Петков
Површина
 • Вкупна432,67 км2 (167,05 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно14.475
 • Густина33/км2 (87/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+033
Регистарски табличкиVI
Мреж. местоvinica.gov.mk
Карта на Општина Виница со селските атари.
Демографска карта на Општина Виница со селските атари.

Географија уреди

 
Општинската зграда на новиот плоштад во Виница

Општина Виница има површина од 334 км2 и е составен дел на источниот плански регион. Го зафаќа југоисточниот дел од Кочанската Котлина. Од јужната страна е ограничена со северните падини на планината Плачковица, а на исток со падините на планината Голак. Општинскиот центар е градот Виница. Покрај градот, општината је сочинуваат уште 16 населени места. Местоположбата на Општината овозможува добра поврзаност со соседните општини во регионот.[2]

На јужната и источната страна доминираат планините Плачковица со највисокиот врв Лисец (1.754 м) и Голак (до 1.000 м). На падините на овие планини се одвојува ридестиот релјеф од рамниот релјеф кој превладува во северниот и западниот дел, на надморска височина од 390–450 м и ги опфаќа долината на реката Брегалница и дел од Кочанската котлина.[2]

Во состав на општината влегуваат и 16 села: Блатец, Виничка Кршла, Градец, Грљани, Драгобраште, Истибања, Јакимово, Калиманци, Крушево, Лаки, Лески, Липец, Пекљани, Трсино, Трстија и Црн Камен.

Историја уреди

Во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија бил донесен нов закон со кој биле укинати околиите и како единствена административна поделба останале само општините. Со тој закон била формирана и општина Виница. Претходно од 1952 до 1965, нејзината територија била во склоп на Општина Штип.[3]

Стопанство уреди

Во руралните подрачја превладува земјоделието, додека во градот постојат индустриски објекти од различни сектори и услужните дејности. Главни индустриски капацитети во Виница се: фабриката за градежни материјали „Тондах“, текстилните фабрики „Трико“, „Винка“ и „Виничанка“, дрвно-преработувачките капацитети „Мебел – Ви“ и „Мебел Трејд“, прехранбената индустрија „Винчини“ и други помали капацитети.[2]

Развојот на градот Виница е темели на обнова и реконструкција на постојната индустрија и на поголема застапеност на услужните дејности. Планирани се изградби на нови стопански капацитети од мало и средно стопанство, со создавање на услови за траен и одржлив стопански развој.[2]

Демографија уреди

До 1961 година населението се намалува поради иселување на населението од Општината. Подоцно расте градското население поради миграцијата од село во град. Во периодот од 1995 до 2005 година населението повторно се намалува, поради иселување од државата. Во 2005 година во општината живееле околу 19.000 жители, од кои во градот околу 10.000. Според нивото на образование, превладува население со средно и пониско образование. Главен проблем во општината е големата невработеност која изнесува 46% од работоспособното население. Густината на населеност е 46,08 жители на квадратен километар.[2]

Според пописот од 2002 година, Општината брои 19 938 жители од кои:[4]

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 18.308 91,59
Албанци 0 0,00
Турци 296 1,36
Роми 1.174 6,17
Власи 100 0,61
Срби 28 0,16
Бошњаци 0 0,00
останати 32 0,11
Вероисповед Вкупно
православни 17.806
муслимани 1.489
католици 11
протестанти 7
останати 625
Јазик Вкупно
македонски 18.308
албански 0
турски 296
ромски 1.174
влашки 100
српски 28
бошњачки 0
останати 32

Самоуправа и политика уреди

Градоначалник на општина Виница е Ивица Димитров од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Виница е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:[6]

 
  СДСМ: 8 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 7 места

Културни и природни знаменитости уреди

Во околината на Виница и во самиот град постојат следниве археолошки наоѓалишта[7]:

Култура и спорт уреди

Во општината има десет православни цркви и две во изградба, од кои најголема е градската црква, чиј патрон е Св. Архангел Михаил“, два манастири и една новоизградена џамија во градот. Во општината исто така постои и музеј на теракотни икони, „Теракота“, како и културен дом „Тошо Арсов“.

Градот Виница е седиште на ФК Филип Втори.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Основни податоци за Општина Виница“. Официјално мрежно место на Општина Виница. 13 јули 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2012-05-13.
  3. „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија од 1965, број 2“ (PDF). Службен весник на СРМ. 25 јануари 1965. Посетено на 2012-05-13.
  4. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  5. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
  6. „Општинска администрација“. Официјално мрежно место на Општина Виница. 27 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 2012-05-13.
  7. Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.

Надворешни врски уреди