Црква „Св. Илија“ - Фурка

црква во селото Фурка

Свети Илија — главна селска црква во дојранското село Фурка, Македонија.[1]

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Струмичка
Архијерејско намесништво Струмичко
Парохија Дојранска
Местоположба

Карта

Координати 41°14′25″N 22°36′44″E / 41.24028° СГШ; 22.61222° ИГД / 41.24028; 22.61222
Место Фурка
Општина Дојран
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1880 г.
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Местоположба уреди

 
Поглед на црквата во 1931 година

Црквата се наоѓа на самото сретсело во Фурка, сместена веднаш до основното училиште.

Историја уреди

Црквата потекнува од 1880 година.[2]

Во 2017 година била прогласена за значајно културно наследство.[2]

Архитектура уреди

Таа е трикорабна градба со полукружна апсида, расчленета со арки и столбови. Покривната конструкција е на две води со петострана олтарна апсида. На источниот ѕид со плитки ниши однадвор изведени со пиластри кои во горниот дел се поврзани со лакови. Црквата е во релативно добра состојба.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Решение за прогласување на значајно културно наследство - НУ Завод за заштина на спомениците на културата и Музеј Струмица“. web.archive.org. 2020-08-02. Архивирано од изворникот на 2020-08-02. Посетено на 2024-05-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски уреди