Фуранозата е прост шеќер кој содржи петчлен фурански прстен. Фуранозата е субтерминален кетон, што му дава редуцирачка моќ.

Структурни одлики уреди

 
Хемиската структура на рибозата во нејзинатѕа фуранозна форма. Брановидната врска укажува на мешавина од D-рибофураноза и L-рибофураноза.

Фуранозниот прстен е цикличен хемиацетал на една алдопентоза или цикличен хемикетал на една кетохексоза.

Фуранозниот прстен е изграден од четири јаглеродни и еден кислороден атом, при што аномерниот јаглероден атом се наоѓа на десно од кислородниот. Највисоко нумерираниот хирален јаглероден атом (најчесто на лево од кислородниот во Хавортова проекција) одредува дали една структура има D или L-конфигурација. Во фураноза со L-конфигурација, супституентот кој се наоѓа на највисоко нумерираниот хирален јаглероден атом е насочен под од рамнината, додека во фураноза со D-конфигурација тој е насочен над рамнината.

Фуранозниот прстен ќе има или алфа или бета конфигурација во зависност од тоа во кој правец е насочена аномерната хидроксилна група. Во фураноза со D-конфигурација, алфа конфигирација има кога OH-групата е насочена надолу, додека при бета таа е насочена нагоре. Обратно е кај фураноза со L-конфигурација. Најчесто аномерниот јаглероден атом подлежи на мутаротација во раствор, при што наизменично се менуваат алфа и бета конфигурацијата (состојба на рамнотежа).

Поврзано уреди