Фелон — дел од облеката на православните свештеници. Фелонот е горна долга облека, без ракави. Оваа облека ги покрива сите други облеки, чувајќи ги и заштитувајќи ги. Тој ја претставува Божјата промисла, која штити сè во светот и се грижи за сè. Фелонот ја означува и правдата на Христос, но и пурпурната облека во која Спасителот бил облечен за потсмев во дворот на Пилат.

Фелон на свештеници на Руската православна црква однапред и одзади

Во минатото, фелонот го носеле и епископите. Таквиот фелон бил украсен со многу крстови, па затоа бил наречен и полиставрион (многу крстови).

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди