Епитрафил (грчки: επιτραχήλιο, од грчки трáкхēлос: врат, околувратник), петрафил или навратник — дел од облеката на православните свештеници во вид на долга лента што се наметнува.[1] Конкретно, тој е дел од одеждата на православни презвитери и епископи под фелонот, т.е. под ризата, а преку стихарот. Епитрафилот се става околу вратот и се спушта надолу преку градите, а завршува под колената, односно подолу од колената (одговара на столи во католицизмот). На средината двата дела од епитрафилот, левиот и десниот, се спојуваат со копчиња. Се шие и изработува во различни бои според богослужбените потреби, честопати е украсен со рачни везови. Најчесто по целата негова должина се везат крстови. Епитрафилот всушност настанал од орарот, така што орарот се обвива околу вратот, и двата краја се спуштаaт споени надолу до под колената. Така всушност епитрафилот е спој на два орари, со оставен отвор за главата во неговиот горен дел.

Епитрафил

Епитрафилот е најважен дел на свештеничката одежда кој ја означува благодатта на Светиот Дух кој се спушта на свештеникот без која тој не може да изврши ниту едно свештенодејство исто како и ѓаконот без орар. Епитрафилот има симболично дејство, имено тој ја означува двојната благодат на Светиот Дух, која му се дава на свештеникот во моментот на ракополагањето, како и синџирите со кои Господ Исус Христос бил врзан околу вратот кога бил носен при Понтиј Пилат, а со тоа и потсетување на свештеникот дека и тој зел бреме врз себе да помага во спасението на поверената му паства.

Епитрафил во уметноста уреди

Петрафил на вечната земја, роман (1988) од Миле Неделкоски

Наводи уреди

Надворешни врски уреди