Тупаници во џебот (филм)

Тупаници во џебот (италијански: I pugni in tasca) - италијански филм од 1965 година, во режија на Марко Белокио, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Лу Кастел, Паола Питагора, Марино Мазе, Лилијана Гераче, Пјер Лујџи Трољо и Џени Мек Нил. Во 1965 година, на Венецијанскиот филмски фестивал, режисерот ја добил наградата на градот Имола, а вкупно освоил четири награди и имал уште четири номинации.[1]

Синопсис уреди

Во една вила, надвор од градот, живеат тројца браќа (Алесандро, Аугусто и Леоне), сестрата Џулија и нивната слепа мајка (ја игра Гераче). Од нив, само Аугусто (го игра Масе) е здрав и тој го издржува семејството, кое му претставува товар, па со нетрпение го чека денот кога ќе се ожени со девојката Лучија (ја игра Мек Нил) и ќе си замине во градот. Неговите браќа и сестрата се епилептичари, така што Аугусто го има главниот збор во семејството. Алесандро (го игра Кастел) решава да ги убие своите блиски, за да му овозможи на Аугусто да се ожени и да се осамостои. Така, во една прилика, тој лаже дека го положил возачкиот испит и го убедува Аугусто да му дозволи да го однесе семејството на гробишта. Во меѓувреме, Алесандро му остава писмо на Аугусто во кое го известува за својата намера да излета со автомобилот во провалија, со цел сите да умрат. Навистина, на патот кон гробиштата Алесандро вози премногу брзо, но кога пристигнува кај големиот свиок, тој се премислува и го запира автомобилот. Во меѓувреме, во нивната куќа, Аугусто го наоѓа писмото, но рамнодушно води љубов со Лучија. Сепак, Алесандро го остварува планот: додека ја вози мајка си на гробишта, тој застанува ја турка во провалијата. По нејзината смрт, Алесандро ѝ ја кажува вистината на Џулија и тие се радосни поради тоа што се ослободиле од слепата мајка, а Аугусто заминува да живее во градот. По некое време, Алесандро му дава преголема доза лекови на Леоне и го убива во кадата, а од шокот, Џулија останува парализирана. На крајот од филмот, Алесандро добива силен епилептичен шок, но Џулија не може да му помогне и тој умира.[2]

Наводи уреди