Трајче Иваноски (р. Прилеп, 11 март 1945 - Прилеп, 19 декември 2021) - македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Од 1965 година сè до пензионирањето во 2007 година работел во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тој и по пензионирањето продолжува да биде активен во театарот. Покрај неговиот матичен театар и Македонскиот народен театар, Драмски театар - Скопје тој гостувал и во други театри.

Трајче Иваноски
Роден 11 март 1945
Прилеп, Македонија Македонија
Починал 19 декември 2021(2021-12-19) (возр. 76)
Прилеп, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Солунски патрдии
Авантурите на Итар Пејо
Втора смена
Бог да ги ибие шпионите
Илинден
Волшебното самарче
Неверство во зимска ноќ
Занимање глумец
Сопружник Лидија Иваноска

Филмографија уреди

Иваноски има остварено бројни филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1979 Наши години ТВ-серија Железничарот
1980 Оловна бригада ТВ-филм
1982 Едно лето ТВ-серија Економот
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1984 Белото Циганче ТВ-серија
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Аџи Јанкула
1988 Втора смена ТВ-серија
1989 Собирен центар ТВ-филм
1989-1991 Еурека ТВ-серија
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-филм
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Затвореник
1994 Прекалени ТВ-серија Дедото Марко
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
2001 Прашина ТВ-филм Овчар
2003 Лото, лото ТВ-серија
2004 Неверство во зимска ноќ ТВ-филм
2006 Тајната книга ТВ-филм Прв гостин
2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија
2008 Куќен совет ТВ-серија
2010 Царската е последна ТВ-филм
2012-2014 Тврдокорни ТВ-серија Мајстор Јонче
2013-2014 Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија Кметот
2014 Македонски народни приказни ТВ-серија
2015 Три во едно ТВ-филм
2015 Последниот Македонец ТВ-филм Таткото

Награди уреди

  • Прва награда на фестивалот Војдан Чернодрински за млад глумец во улогата на Златан во претставата "Робот и Агата".
  • Награда за најдобра машка главна улога за ликот на Горчин во претставата "Скок преку кожа" во режија на Бранко Гапо на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински.
  • Во 2003 година на меѓународниот фестивал на комедија во Корча,Р.Албанија ја добива главната наградата за најдобро глумечко остбарување за улогата на професор Павлович во претставата "Собирен Центар".
  • Во 2011 година ја добиваа наградата за животно дело на фестивалот Војдан Чернодрински - Прилеп.
  • Добитник е и на наградата "3-Ноември" што ја доделува Собранието на град Прилеп.
  • Награда за главна машка улога за ликот Протасов во претставата "Деца на сонцето" во решија на Илија Милчин.
  • Во 2016 година повторно на фестивалот Корча добива награда за монодрамата "Јас Илија Шаторот".

Наводи уреди

  1. „Trajce Ivanoski“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.

Надворешни врски уреди