<< март >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31
2024

11 март — 70-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (71-и во престапна година). Остануваат 295 денови до крајот на годината.

Настани:

1913  Велика Британија и Германија постигнале Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун.
1917  Британската војска го зазела Багдад во Првата светска војна.
1938  Војската на фашистичкиот Трет Рајх влегла во Австрија (т.н. „аншлус“).
1943  Околу 550 Евреи од Штип биле депортирани во концентрациониот логорТреблинка“.
1945  Во Македонија почнале првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеле до 25 март, за првпат гласале и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија.
1981  Започнале протестите на Косово со барање тоа да стане република и да излезе од прегратките на Србија.
1996  Република Македонија била примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.
1996  Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија била примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ.

Родени:

1544  Торквато Тасо — италијански поет.
1822  Жозеф Бертран — француски математичар.
1892  Артур Хонегер — француски композитор од швајцарско потекло.
1920  Благоја Ангеловски — македонски филмски работник.
1931  Драган Ѓаконовски - Шпато — македонски композитор, диригент и музички аранжер.
1931  Драгутин Аврамовски - Гуте — македонски академски сликар и графичар.
1945  Пири — шпански фудбалер.
1952  Даглас Адамс — англиски писател, драматург и музичар.
1961  Мирјана Ѓурица — југословенска ракометарка.
1978  Дидје Дрогбафудбалер од Брегот на слоновата коска.
1987  Танел Кангерт — естонски велосипедист.
1987  Стефано Пираци — италијански велосипедист.
1988  Фабио Коентрао — португалски фудбалер.
1991  Алесандро Флоренци — италијански фудбалер.
1993  Ентони Дејвис — американски кошаркар.
1994  Ендрју Робертсон — шкотски фудбалер.
1994  Ласе Андерсон — француски ракометар.

Починале:

1908  Едмондо Амичиситалијански писател и патописец.
1931  Фридрих Мурнаугермански режисер.
1941  Јосиф Михајловиќ — градоначалник на Скопје пред Втората светска војна.
1955  Александар Флеминг — англиски микробиолог.
2002  Илија Милчин — македонски глумец, режисер, лингвист и преведувач.
2002  Џејмс Тобин — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
2006  Слободан Милошевиќ — претседател на Србија и на Сојузна Република Југославија.
2016  Драган Николиќ — српски глумец.
2021  Даринка Челениќ — српска глумица.