Тајна пошта на МРО

Тајната пошта на МРО е составен дел од структурите на организацијата. Секој селски, околиски и окружен комитет имал своја тајна пошта [1].

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет
Шифриранa азбука

Поштата на Македонската револуционерна организација претставувала таен систем за комуникација меѓу нејзините членови во рамките на Отоманското Царство, но се комуницирало и надвор од империјата како што било и Задграничното претставништво.

Коресподенцијата се водела со хемиско бело мастило и шифри.

Шифрите ги знеле само претседтелот и секретарот на комитетот [2].

По Солунскиот конгрес било решено дека Централниот комитет со внатрешноста на Македонија контактира преку окрузите, и затоа ЦК имал посебни шифри за комуникација со окрузите, посебни шифри за коресподенција со Задграничното претставништво, окрузите имале посебни шифри за коресподенција меѓу себе [2]. Поштата на организацијата била подобро организирана отколку редовната пошта на Отоманското Царство. Писмата кои организацијата ги испраќала од Солун за Софија пристигале следниот ден [3][4].

Извори уреди

  1. Прв устав на Македонската револуционерна организација
  2. 2,0 2,1 s: Прв правилник на Македонската револуционерна организација
  3. Панде Константин, Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1903, София, 1979
  4. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003

Надворешни врски уреди