Прв правилник на Македонската револуционерна организација

Првиот правилник на Македонската револуционерна организација е вториот нормативен акт на ТМОРО.

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Особености уреди

Поради недостаток на изворна документација, не се знае кога точно е донесен Првиот правилник на Македонската револуционерна организација.

Според спомените на Татарчев, одлука за созадавање на правилникот била донесена за време на Ресенското советување, и создавањето на правилникот му било доверено на Иван Хаџи Николов.

Татарчев притоа истакнува дека, праксата ја наметнала потребата од донесување на правилникот, но врз основа на членот 14 од Уставот на МРО се гледа дека донесувањето на правилникот било уставна обврска.

Членови уреди

Правилникот се состои од 50 члена поделени во 11 глави:

1. Состав, устројство и должности на револуционерните комитети,
2. Должности на управните тела на месните комитети,
3. Должности на членовите на управните тела,
4. Должности на началниците на групите,
5. Должности на членовите-работниците,
6. Коресподенција,
7. Тајна пошта,
8. Тајна полиција,
9. Казни,
10. Воружување,
11. Материјални средства[1].

Наводи уреди

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода... 139