Стојан Аралица
Роден 24 декември 1883
Шкаре, Оточац, Австроунгарија
Починал 4 февруари 1980
Белград
Занимање сликар, графичар

Стојан Аралица (Шкаре, Оточац, 24 декември 1883Белград, 4 февруари 1980) — српски сликар, графичар и академик.[1] Аралица бил член на Друштвото на ликовни уметници на Србија, на Српската академија на науките и уметностите (САНУ) и на Југословенската академија на науките и уметностите (ЈАЗУ).[2][1]

Животопис уреди

 
Заедничкиот гроб на Петар Лубарда, Стојан Аралица, Матија Вуковиќ и Данило Киш во Алејата на великаните

Сликарот и графичар Стојан Аралица ги добил првите часови по сликарство во приватното училиште на Хенрих Книр во Минхен.[1] Во 1910 година се запишал во класата на Карл Мар на Високата школа за ликовни уметности во Минхен, а две години подоцна преминал во класата на Лудвиг Хертерих.[3] По избувнувањето на Првата светска војна се вратил во Загреб и отворил приватно сликарско училиште. Потоа заминал во Прага, каде го посетувал графичкиот оддел на Академијата за ликовни уметности, со Август Бремс, а потоа со Макс Швабински.[4] Дел од животот го поминал во Рим, Париз, Стокхолм и извесно време поминал во селото Брестач кај Рума, каде што работел како учител. По 1948 година се населил во Белград каде останал до крајот на животот.[1]

Неговиот опус се состои од над 1500 уметнички дела. Хронолошки може да се подели на минхенска, париска, загрепска и белградска фаза, со јасно одредени стилски обележја.[5] Во првата фаза видливи се влијанијата на академизмот и сецесијата. Започнува со портрети и свети мотиви, а потоа продолжува да прави портрети и актови. Во Париз суштински го менува уметничкиот пристап, а најчести мотиви му се пределот и мртвата природа. Кога живеел во Загреб, го насликал сопственото доживување на јадранскиот крајолик. Тоа е најуспешното раздобје од неговото творештво, со слики полни со топлина, светлина и интензивни чисти бои. Неговата работа е полна со ведрина и оптимизам, со истенчено чувство за боја и прозрачна атмосфера на средозмената клима. Најважните слики: „Мотив од Лошињ“, „Жена со сламен шешир“, „Портрет на Б. Петронијевиќ“, „Пат“ и други.[6]

Стилот кој преовладува во неговото сликање е во духот на парискиот постимпресионизам и лирска апстракција.

Кон крајот на 1930-тите сликал фрески во бањалучката црква на Петриќевац, урната во 1941 година.[7][8]

На 14 ноември 1965 година станал дописен член на САНУ, а редовен на 7 март 1968 година.[9] Бил член на ЈАЗУ (Југословенска академија на науките и уметностите) во Загреб, член на УЛУС и уметничките групи Облик, Дванаесторица и Шесторица. Самостојно изложувал во Загреб, Осиек, Карловац, Белград, Сплит, Стокхолм, Сомбор. Во Оточац, во 1972 година го основал фондот Стојан Аралица.[3]

Починал во Белград на 4 февруари 1980 година, бил погребан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.[10]

Група „Облик“ уреди

Заедно со своите колеги Петар Палавичини и Бранко Поповиќ, Јован Бијелиќ во 1926 година ја основал групата „Облик“ на која се приклучиле: Петар Добровиќ, Живорад Настасијевиќ, Тома Росандиќ, Вељко Станојевиќ, Сретен Стојановиќ, Сава Шумановиќ и Марино Тартаља како основачки членови, а подоцна на оваа група ѝ се приклучиле: Игњат Јоб, Зора Петровиќ, Иван Радовиќ, Мате Размиловиќ, Ристо Стијовиќ, архитектот Драгиша Брашован. Оваа група била составена од веќе докажани визуелни уметници. На седницата од 8 ноември 1930 година биле донесени правилата на групата, а Министерството за внатрешни работи ги потврдило на 20 јули 1932 година.[11] Подоцна, на групата ѝ се приклучиле и други уметници, како и самиот Стојан Аралица.

Награди уреди

  • 1959 - Октомвриска награда на Белград,
  • 1963 - Седмојулска награда,
  • 1970 - Споменица во чест на новоизбран член на САНУ,
  • 1973 - Награда „АВНОЈ“,
  • 1974 - Прва плакета на Претседателството на САНУ за придонес во науката и уметноста,
  • 1977 - Ровињска награда на сликар.[3]

Одликувања уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Мишић, Милан, уред. (2005). Енциклопедија Британика. А-Б. Београд: Народна књига : Политика. стр. 63. ISBN 86-331-2075-5.
  2. Serbia, RTS, Radio televizija Srbije, Radio Television of. „Slikari i vajari – Stojan Aralica“. www.rts.rs. Посетено на 2021-02-01.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Arte - Stojan Aralica - Biografija“. www.arte.rs. Посетено на 2021-02-01.
  4. „Музеј Гацке Оточац: Меморијална збирка Стојана Аралице. Архивирано од изворникот на 23. 10. 2015. Посетено на 7. 1. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  5. „Stojan Aralica (1883—1980)“. www.riznicasrpska.net. Архивирано од изворникот на 16. 04. 2021. Посетено на 2021-02-01. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  6. Spomen-zbirka Pavla Beljanskog, Приступљено 5. 4. 2013.
  7. "Политика", 13. феб. 1939
  8. Бањалучке љубавне легенде. 07.10.2013
  9. „Aralica Stojan“. www.sanu.ac.rs. Посетено на 2021-02-01.
  10. „Aralica Stojan“. Galerija slika Beli Andjeo - zvanični sajt (англиски). Посетено на 2021-02-01.
  11. Тихић, Смаил (1972). Јован Бијелић-Живот и дело (на ((sr))). YU-Сарајево: „Веселин Маслеша“,

Литература уреди