Староградски плоштад (Прага)
Староградски плоштад (чешки: Staroměstské náměstí) — историски плоштад во Стариот град на Прага, Чешка. Сместен е помеѓу Вацлавскиот плоштад и Карловиот мост.
Градби уреди
На плоштадот се застапени разни архитектонски стилови.
- „Пресв. Богородица пред Тин“ — готска црква од XIV век со кули високи 80 м
- Прашки астрономски часовник на Староградскиот дом — астрономски часовник од 1410 г., трет по старост во светот и најстар кој сè уште работи.
- Кула на Староградскиот дом
- „Св. Никола“ (1737)
- Кински дворец (1755-65) — ликовен музеј на Националната галерија
Споменици уреди
Староградскиот плоштад има значаен споменик на верскиот реформатор Јан Хус, спален на клада за кривоверство во Констанц. Ова било повод за Хуситските војни (1419-1434). Статуата е подигната во 1915 г. по повод 500 години од неговата смрт.
Пред Староградскиот дом е сместен и паметникот на мачениците (како Јан Јесенски и Максимилијан Хоштјалек) погубени со обезглавување од Хабсбурговците по Битката на Бела Гора (1620). Во 1911 г. е поставена спомен-плоча со нивните имиња, а по Втората светска војна на плочникот се обележани 27 крста, на самото место на нивното погубување[1].
На плоштадот стоел Богородичниот столб, непосредно веднаш по Триесетгодишната војна (1618-1648), но бил срушен во Сè до 1918 г. чест на новостекнатата независност од Австроунгарија и основањето на Чехословачка.[2]
Пазари уреди
За Божиќ и Велигден, на плоштадот се одржуваат пазнични пазари, се става голема елка и бина со музичка програма.
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-06-12. Посетено на 2017-10-01.
- ↑ Cynthia Paces, "The Fall and Rise of Prague's Marian Column," Radical History Review 79 (2001) 141-155
Надворешни врски уреди
„Староградски плоштад (Прага)“ на Ризницата ? |
- Староградски плоштад — Прашки информатор (англиски)