Средносибирска Висорамнина

Средносибирска Висорамнина (руски: Среднесибирское плоскогорье, јакутски: Орто Сибиир хаптал хайалаах сирэ) — висорамнина која зафаќа една третина од Сибир[1], помеѓу реките Енисеј и Лена, на површина од 3,5 милиони квадратни километри. Се одликува со реско одделени површини на различна надморска височина. Највисоката точка е на венецот Путорана, кој се издига на висина од 1.701 м и, во најголем дел, продолжува на север од висорамнината. Јужно од неа се протегаат Источните Сајански и Бајкалските Планини. На исток, теренот се спушта во низински предели, каде живеат Јакутите.

Поглед на Средносибирската Висорамнина од реката.
Средносибирска Висорамнина во рамките на Русија
Местоположба на Средносибирската Висорамнина во рамките на Русија

Климата е континентална, со кратки топли лета и долги сурови зими. Речиси сета територија на висорамнината е прекриена со четинарски шуми, од кои најзастапен е аришот. Најголема река е Долна Тунгуска. Од особено значење е регионот Сибирски Трапови, кој изобилува со минералните ресурси како јаглен, железна руда, злато, платина, дијаманти и земен гас.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „The Central Siberian Plateau“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2007-07-13.

Надворешни врски уреди

68°0′0″N 95°0′0″E / 68.00000° СГШ; 95.00000° ИГД / 68.00000; 95.00000