Ариш

род на четинари
Ариш
Европски ариш
(Larix decidua)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Род: Ариш
Mill.
Видови

околу 10–14; во текстот

Сибирски ариш (Larix sibirica) во зима

Ариш (науч. Larix) — род на четинари од семејството на боровите (Pinaceae). Расте во висина од 20 до 45 м[1] и природно вирее во подрачјата со посвежа континентална клима на северната полутопка — во ниски предели на север и на планините во појужните краишта. Ова дрво е меѓу најзастапените видови во пространите тајги на Русија и Канада.

Во Македонија аришот е доведен во 1950-тите и e застапен со два вида: европски ариш (L. decidua) и јапонски ариш (L. kaempferi).[2]

Иако е четинар (иглолисно дрво), аришот е листопаден. Има два вида изданоци (наречени „леторасти“): долгорасти, со големина од 10–50 см и неколку пупки и краткорасти, долги само 1–2 мм со по една пупка. Листовите се иглести, тенки (помалку од 1 см) и долги 2–5 см. Се развиваат единечно, со наизменична распореденост кај долгорастите, и во густи снопови од 20–50 иглички на краткорастите. Кон крајот на есента, игличките пожолтуваат и паѓаат, со што дрвото презимува голо.

Шишарките се мали и исправени, со должина од 1–9 см, по боја зелени или виолетови, и узреваат 5–8 месеци по опрашувањето. Околу половина од видовите, шишарките имаат плодни лушпи кои се долги и забележливи, а кај другата половина истите се скриени меѓу покривните. Оние од северните краишта имаат мали шишарки (1–3 см) со мали лушпички, додека појужните видови имаат подолги (3–9 см), со издадени плодни лушпи.

Видови и класификација уреди

Постојат 10–15 вида; означените со ѕвездичка (*) не се насекаде прифатени како посебни видови. Видовите генетски се делат на евроазиски и северноамерикански, а должината на плодните лушпи не е изворна разлика, туку само приспособување на различните климатски услови. Евроазиските пак, се делат на северни видови, кои имаат кратки плодни лушпи и јужни видови, со долги плодни лушпи;[3] Сибирскиот ариш останува спорен, бидејќи некои стручњаци сметаат дека треба да се стави во долголушпената група иако има кратки плодни лушпи.

Евроазиски уреди

Северни (кратколушпести) уреди

Јужни (долголушпести) уреди

Северноамерикански уреди

Видовите можат да се вкрстуваат при одгледувањето. Најпознат хибрид е данкелдскиот ариш (Larix × marschlinsii), создаден истовремено во Швајцарија и Шкотска со заедничко заседување на европскиот и јапонскиот ариш.

Со ариш се хранат ларвите на повеќе видови на пеперутки.

Поврзано уреди

Заболувања уреди

Аришот е подложен на габичната болест аришов рак (Lachnellula willkommii). Ова особено се случува во услови на мраз во доцна пролет, кога дрвата претрпуваат мали оштетувања, кои прават доволни отвори за навлегувањето на спорите на габата.

Друго позначајно заболување од кое страда аришот е оомицетниот патоген нагол дабов помор (Phytophthora ramorum). Откриен е во 2009 г. кај јапонскиот ариш во грофовиите Девон, Корнвол и Сомерсет во Англија.[5] Во август 2010 г. заболувањето е забележано кај истиот вид во Вотерфорд и Типерери во Ирска.[6]

Употреба уреди

 
Учесник во Горските игри како фрла дирек од ариш

Дрвената граѓа на аришот се цени заради нејзината жилавост, водоотпорност и трајност. Граѓата со највисок квалитет и без јазли е на цена во изградбата на пловила, надворешност на куќи и за ламперија и дрвени плочи. Ова дрво не гние во земја, па затоа е погодно за огради и диреци. Хибридот данкелдски ариш е мошне застапен во стопанските насади во северна Европа, и брзиот раст и отпорноста на болести.

Во минатото се користел и во билкарството.

Во средна Европа, аришот важи за еден од најдобрите материјали во изградбата на куќи. Се садел на меѓи заедно со брезата, и обата вида се користеле во кремирање на покојниците.

Аришот е застапен во одгледувањето на бонсаи подари привлечноста на јазлестата кора, малите иглички и есенската боја. За оваа цел се користат европскиот, јапонскиот и американскиот ариш.

Занимливости уреди

  • Дирекот што се користи во дициплината фрлање дирек (tilgeil a'chabair/caber toss) на Горските игри во Шкотска е направен од ариш. Има должина од околу 6 м и тежина од 80 кг.

Наводи уреди

  1. Rushforth 1986
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 81. Text "series " ignored (help)
  3. Semerikov & Lascoux 1999; Wei and Wang 2003, 2004; Gros-Louis et al. 2005
  4. „Larix olgensis“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД.
  5. Нагол дабов помор (Phytophthora ramorum) — Комесаријат за шумарство на Велика Британија (англиски)
  6. http://www.agriculture.gov.ie/press/pressreleases/2010/august/title,45756,en.html

Надворешни врски уреди