Симон Узуновски (Белград, 4 август 1949 - Скопје, 10 декември 2018) — македонски уметник и сценограф [1].

Симон Узуновски
Роден 4 август 1949
Белград,  Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Починал 10 декември 2018
Скопје,  Македонија
Националност Македонец
Занимање ликовен уметник, сценограф

Животопис уреди

Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1979). Бил еден од пионерите на уметничките интерактивни инсталации во Македонија исто така бил активен на сцената речиси 50 години, а повеќе години живеел и работел Капри (остров).

Творештво уреди

Во 70-тите години прв ги користел во алтернативни простори техниките на асамблаж, колаж и инсталација.

Со евтини и краткотрајни материјали (селотејп, плексиглас, весници) создавал дела со процесуален и интерактивен карактер (серијата „Тркалајќи“, 1976; „Галичица “, 1976, „Човек и птица“,колажи од циклусот „Ливада“ и објектот „Преспа “)

Неговото творештво на островот Капри, Италија бил втора линија во неговиот израз. Неговите мотиви биле концентрирани кон главните урбани знаци на местото што, барем во неговото сликарско творештво, со нивната повторливост и упорност во изнаоѓањето на нови мали елементи на новата варијација на основната визура, од нив создаваат мал мит за просторот преку дела изведени на платно со маслени бои.

Изработил околу 15 забележливи и наградувани тетатарски сценографии во соавторство со сценографот Крсте Џидров[2].

Наводи уреди

  1. Симон Узуновски
  2. СИМОН УЗУНОВСКИ, ПИОНЕР НА ИНТЕРАКТИВНИТЕ ИНСТАЛАЦИИ