Сидни Родриг Нукпо Гову (роден на 27 јули 1979) — француските репрезентативен фудбалер со Бенинско потекло кои последно играл за Евијан Тонон Жалар.[1] Гову природно игра на позицијата крило, но понекогаш е користен и како напаѓач.

Франција Синди Гову
Лични податоци
Роден на 27 јули 1979(1979-07-27)(44 г.)
Роден во Ле Пјој-ен-Веле, Франција
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Евијан
Број 8
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000-2010 Олимпик Лион Олимпик Лион 292 (49)
2010–2011 Панатинаикос Панатинаикос 18 (1)
2011–2013 Евијан 87 (34)
Репрезентација
2002-2010 Франција Франција 49 (10)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Најдобрите денови од својата кариера Гову ги поминал во дресот на неговиот прв клуб Лион, со кого во период од десет години од 2000 до 2010 година, освоил грст трофеи. Токму во тој период Сидни бил повикан и во дресот на Француската репрезентација со која 2003 година го освоил Купот на конфедерациите. Својата репрезентативна кариера ја завршил во 2010 година со скор од 49 настапи и 10 голови. Според бројот на настапи за репрезентацијата тој се наоѓа на 38. место на вечната список на Франција.[2]

Клупска кариера уреди

Лион уреди

Престојувајќи во училиштето сè додека не ги заврши своите студии на релативно доцна возраст за фудбалер, Гову влегува во спортскиот свет, приклучувајќи и се на младинската школа на Олимпик Лион дури на возраст од 17 години во 1996 година. Лојален на својот прв клуб, до 2010 година, Гову играл на Стад Жерлан во текот на целата негова професионална кариера. Гову го направил пробивот на фудбалската сцена за време на сезоната 2000-01 помагајќи му на Лион да заврши втор, со само четири бода зад шампионот Нант. Благодарение на неговите одлични за клубот, Гову ја освоил наградата за најдобар млад играч на годината во Лига 1 за 2001.[3]

Гову често бил критикуван за неговиот недостаток на смиреност пред противничките голови, особено во неизвесни ситуации кога притисокот е голем, што делумно објаснува зошто тој подоцна ќе биде шреместен да игра по ширина на теренот, како крило, наместо да зазема место како фокусна точка во нападот на тимот. Неговата офанзивна улога, сепак, не го спречила често да игра важна улога во обновувањето на поседот на топката за неговиот тим, што се должи во голема мера на неговоте широки атлетски способности и високото ниво на фитнес. Тој, исто така има добри способности и во играта со глава.

За време на сезоната 2004-05, кога клубот го водел Пол Ле Гвен, му ја доверил на Гову капитенската лента за време на долгото отсуство од клубот поради повреда на првиот капитен Клаудио Касапа. Одлуката на Ле Гвен била во голема мера мотивирана од лојалноста која кон клубот ја прикажал Гову, иако се соочувал со многу шпекулации кои го поврзувале со трансфери далеку од клубот. На 24 мај 2008 година, Гову го постигнал единствениот гол на натпреварот во додаденото екстра време, шутирајќи со волеј по една нафрлена топка, и бил назначен за "играч на натпреварот", кога што Лион го совладал ПСЖ во финалето на Купот на Франција, тоа била воедно и првата куп-титула на клубот уште од 1973 година.[4]

Гову и Лион издржале тешка кампања во сезоната 2009-10. Тој се појавил во игра во 30 лига натпревари за Лион, и започнал во 22, но успеа да даде само два гола и имал уште две асистенции кога Лион завршил како вицешампион зад Олимпик Марсеј. Во ноември 2009 година, Лион бил домаќин на Олимпик Марсеј на Жерлан во она што ќе стане епска средба. Гову постигнал еден незаборавен гол во 14 минута, правејќи сензационален продор со топката странично во средниот ред, а потоа лесно го совладал Стив Манданда за да им даде водство на домаќините од 2-1.[5] Натпреварот одел напред-назад во поглед на заостатокот на Марсеј, па така Лион водел со 5-4 во 90-тата минута кога тимски колега на Гову Жереми Тулалан си постигнал автогол што значел дека бодовите ќе бидат поделени.[6] Лион на крајот завршил одново на второто место, обезбедувајќи си автоматски место во групната фаза на Лигата на Шампионите.[7]

Панатинаикос уреди

На 2 јули 2010 година, Гову потпишал три-годишен договор со Панатинаикос од Грција.[8][9] На 14 септември 2010 година, тој постигнал погодок против Барселона на Камп Ноу за да го доведе Панатинаикос во водство од 1-0, иако тие на крајот го загубиле натпреварот со 5-1.[10] На 2 јули 2011 година, било најавено од страна на Панатинаикос дека тие го ослободиле од договорот Гову со взаемна согласност.[11] Играчот бил воглавно ослободен поради финансиските проблеми на Панатинаикос, по што и другите француски играчи Џибрил Сисе и Жан-Ален Бумсонг биле отпуштени. За време на неговото време во клубот, тој бил казнет двапати за несоодветно однесување во врска со "доцните вечерни активности".[12] Гову се појавил во 23 натпревари и постигнал три гола во сите натпреварувања за Панатинаикос.

Евијан уреди

На 5 јули 2011 година, Гову потпишал две-годишен договор со неодамна промовираниот Лига 1 клуб Евијан.[13][14] Тој го направил своето деби за клубот во нивниот прв некогаш настап во Лига 1 нагостувањето кај Брест. Гову го одиграл целиот натпревар и му помогнал на својот нов состав да се избори за реми 2-2, и да ги заработат нивните први бодови во највиоката по ранг лиха во францускиот фудбал.[15]

Титули уреди

Клубови уреди

  Олимпик Лион уреди

2001-2002, 2002-2003, 2003-2004, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008.
2008.
2001.
2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007.

Репрезентативни уреди

  Франција уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Знаете ли некој играч од африканско потекло?“. BBC News. 1 July 2005. Посетено на 17 May 2010.
  2. France - Record International Players
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2013-08-20.
  4. „Lyon 1-0 PSG“. ESPNFC. 24 May 2008. Посетено на 2 June 2013.
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-10-26. Посетено на 2013-08-20.
  6. „Олимпик Лион 5-5 Марсеј: OM And OL Share Ten Goals In All-Time Classic“. Goal.com. 8 November 2009. Посетено на 2 June 2013.
  7. „Дидје Дешан го предводи Марсеј до титула во Лига 1“. The Guardian. 6 May 2010. Посетено на 2 June 2013.
  8. L'Equipe http://www.lequipe.fr/Football/breves2010/20100621_075849_govou-vers-le-panathinaikos.html Архивирано на 24 јули 2010 г.
  9. http://www.supersport.com/football/article.aspx?Id=423485
  10. Telegraph http://www.telegraph.co.uk/sport/football/competitions/champions-league/8002502/Barcelona-5-Panathinaikos-1-match-report.html
  11. http://www.thedailystar.net/newDesign/news-details.php?nid=192606
  12. http://news.yahoo.com/govou-leaves-panathinaikos-175256001.html[мртва врска]
  13. „Govou, la grosse affaire“. Évian TGFC (француски). 5 July 2011. Архивирано од изворникот на 2012-03-02. Посетено на 5 July 2011.
  14. „Govou: 'I didn't hesitate'. Ligue1.com. 16 August 2011. Посетено на 16 August 2011.
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-10-26. Посетено на 2013-08-20.