27 јули — 208-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (209-и во престапна година). Остануваат 157 денови до крајот на годината. Предлошка:Јули 2024

Настани уреди

1830  Во Франција избива „Јулската револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл X Бурбонски да ги укине весниците, да го распушти штотуку избраното собрание и да го промени изборниот закон. Кралот абдицира и емигрира во Шкотска.
1839  Почнува Опиумската војна меѓу Кина и Велика Британија откако кинеските власти во едно пристаниште во Кантон запленуваат и уништуваат 20.000 сандаци со опиум.
1981  Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.
1989  Кристер Петерсон прогласен е за виновен и е осуден на доживотна казна затвор заради убиството на шведскиот премиер Улоф Палме во 1986 година. Подоцна тој е ослободен, а убиството останува неразјаснето.
2001  САД ги продолжуваат санкциите врз Иран и Либија на уште пет години.
2014  Здравко Дејановиќ станува првиот македонски освојувач на врвот К2.


Родени уреди

1452  Лудовико Сфорца — милански војвода.
1832  Ѓура Јакшиќ — српски поет и сликар.
1835  Џозуе Кардучииталијански поет — добитник на Нобелова награда за литература во 1906 година.
1853  Владимир Короленко — украински писател, хуманист и новинар.
1874  Иван Ачков — македонски револуционер.
1904  Оскар Ланге — полски економист.
1907  Петар Лубарда — црногорски и југословенски сликар.
1915  Марио дел Монако — италијански тенор.
1946  Раде Шербеџија — хрватски и југословенски глумец и пејач.
1965  Хосе Луис Чилавертпарагвајски фудбалски голман.
1972  Јанко Нинов — македонски поет.
1977  Џонатан Рис Маерс — ирски глумец.
1983  Горан Пандев — македонски фудбалер.
1987  Марек Хамшик — словачки фудбалер.


Починале уреди

916  Климент Охридски — сесловенски просветител.
1061  Никола IIримски папа.
1841  Михаил Лермонтовруски поет.
1844  Џон Далтонанглиски хемичар и физичар.
1880  Мохамед Реза Пахлевишах на Иран.
1946  Гертруда Стајн — американска писателка.
1950  Вецко Домазетовски — македонски есеист.
1981  Вилијам Вајлерамерикански режисер.
1982  Загорка Миќиќ — југословенски и македонски доктор по филозофија.
1998  Златко Чајковски — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
2001  Сељман Нухиу — поранешен член на ОНА.
2010  Димитар Циев — југословенски и македонски одбојкар.


Празници уреди

27 јули (празници)