Секс џемс (англиски: Sex Jams) се австриска рок-група, основана во 2008 година во Виена, која свири хард-кор и поп-панк музика. Во групата членуваат: гитаристот Лукас Бауер, пејачката Катарина Тренк, басистот Флоријан Сејсер, гитаристот Фолфганг Мустл и тапанарот Руди Берјтентелер.

Дискографија уреди

"Секс џемс" се основани во 2008 година во Виена, кога хард-кор составот, во кој членувале Лукас Бауер и Флоријан Сејсер, се распаднал. Тогаш, на двајцата им се приклучила Катарина Тренк и тие оформиле нова група под името "Секс џемс". Инаку, гитаристот Мустл е познат и по неговата работа со составот "Killed By 9 V Batteries". Првиот албум на Секс џемс се вика "Post Teenage Shine". Во 2013 година, "Секс џемс" го објавиле својот трет албум "Trouble, Honey", чија обвивка била дизајнирана од уметникот Бјурнбоерн. Концертната промоција на овој албум започнала со настапи низ Балканот. Како дел од оваа турнеја, на 22 март 2013 година групата свирела во Скопје, во клубот "МКЦ".[1]

Наводи уреди

  1. "Со Скопје ќе ја споделиме нашата страст кон музиката", Дневник, година XVII, број 5122, петок, 22 март 2013, стр. 23.