Ридот (Белица)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Ридот

Карта

Местоположба 41°40′33″N 21°18′15″E / 41.67583° СГШ; 21.30417° ИГД / 41.67583; 21.30417
Основни податоци
Место Белица
Општина Македонски Брод
Тип

 населба  црква


Период хеленистичко време
римско време
старохристијанско време
Портал „Археологија“

Ридотархеолошко наоѓалиште во поречкото село Белица. Претставува населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола. Се наоѓа на северната периферија на селото, на високо плато оградено со ридови, на простор од околу 300 × 200 м, каде по површината на нивите се наоѓаат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. На североисточниот крај од наоѓалиштето се откриени некропола и темели од мала старохристијанска црква. Гробовите се градени од големи камени плочи и имаат насоченост исток-запад. Најдени се голем број монети од кои дваесетина се кај месен жител на селото. Две од монетите се ковани во времето на Александар Македонски, една во Пела, а останатите се од III-IV век.[1]

Поврзано уреди

  • Варница — некропола од доцноантичкото време;
  • Миткороен — утврдена населба од доцноантичкото време;
  • Кале — градиште од доцноантилко време;
  • Столоватец — градиште од доцноримско време;
  • Глибовец — кастел од доцноантичкото време;
  • Аништа — некропола од средниот век;
  • Влак — некропола од средниот век;

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069