Исток е правец во географијата и една од четирите страни на светот. Се наоѓа на спротивната страна од запад и на 90 степени од север и југ. Исток е правецот во кој Земјината топка се врти околу нејзината оска и насоката од која очигледно изгрева сонцето. Во навигацијата со компас, исток е означен со агол од однос 90°.

Исток на компас

Потеклото на збирот „исток“ уреди

Зборот исток произлегува од праиндоевропскиот збор „aus“ („да сјаје“ или „зора“). Слично значење имаат и стариот горногермански збор „ōstar“ („на исток“), латинскиот збор „aurora“ („зора“) и грчкиот збор „eos“. Исто така, зборот би можел да бид еповрзан и со „Ēostrе“ (германска божица на зората).

Исток како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Патници од истокот“ (Путници са истока) — песна во проза на српскиот писател Иво Андриќ од 1961 година.[1]
  • „Исток-запад“ — книга на Јадранка Владова и Н. Кнеѓевиќ.[2]
  • „Исток“ (англиски: East) - песна на англискиот гудачки квартет „Баланеску“ (Balanescu Quartet) од 1994 година.[3]
  • „Исток“ (англиски: East) — албум на австралиската поп-рок група „Колд Чизел“ (Cold Chisel) од 1980 година.[4]
  • „Исток“ (англиски: East) - песна на американската музичка група „Таксидомун“ (Tuxedomoon) од 1981 година.[5]
  • „Север, југ, исток и запад“ (англиски: North, South, East and West) — песна на австралиската рок-група „Чрч“ (The Church) од 1988 година.[6]

Наводи уреди