Najdovski~mkwiki
Пелистер е името на највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2601 метар надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Македонија. Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Пелистер е воедно прогласен за национален парк во 1948 година, тој има вкупна површина од 12.500 хектари и географската положба на паркот е 40°57’ СГШ и 21°14’ ИГД. Го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина.
Потекло на името Пелистер уреди
Името Пелистер води потекло од антиката, односно најверојатно е дадено од древно (античко) македонските племиња, Пелагонци и Линкестиди кои живееле непосредно под планината Баба, во овој дел од рамнината Пелагонија. Меѓу народот постои и легенда дека името Пелистер доаѓа од зборовите „пет лисје“. Кованицата бели+стени= белистени=пелистер е една од можните варијанти за потеклото на името Пелистер. Исто така, има мислење дека името „Пелистер“ е кованица од бел+истер= бел-истер = пелистер. Како аналогија се зема името на полуостровот Истра и ред други топоними, ороними и сл. од претсловенско, античко-венетскиот период. Значењето на „истер“ и ден-денес во македонскиот јазик како и милениуми претходно се употребува - означува нешто што е истерано, извишено, било во висина, било во море и сл. Колку за потсетување, старото име на реката Дунав е исто така Истер!
Географија уреди
Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 12.500 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно богатство во Македонија. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2601 m). Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав.
Вашата сметка ќе биде преименувана уреди
Здраво,
Развојната екипа на Фондацијата Викимедија врши извесни измени во работењето на сметките како дел од постојаните напори да им понудиме подобри алатки на корисниците. Со овие промени ќе добиете едно исто име на сметката за сите викија, што ви овозможува да добиете нови можности и функции за подобро уредување и разговарање, а покрај тоа, ќе овозможи пофлексибилни кориснички дозволи за алатките. Еден од придружните ефекти на измените е тоа што секој корисник ќе мора да има само по една сметка, што ќе важи за сите 900 викија на Викимедија. Повеќе информации ќе најдете во соопштението.
Нажалост, вашата сметка се коси со друга, која исто така го носи името „Najdovski“. Ова ќе пречи на пристапот, и затоа мораме да се осигураме дека во иднина двајцата ќе бидете во можност да ги користите Викимедиините викија. За оваа цел, вашата сметка ќе ја преименуваме во „Najdovski~mkwiki“ во април 2015 г. Истото важи за низа други сметки.
Сметката ќе ви работи како досега, и на неа ќе се задржат сите уредувања што сте ги направиле досега. Меѓутоа, ќе мора да ја користите новата сметка (име) кога ќе се најавувате. Ако не ви се допаѓа новозададеното име, можете да побарате повторно преименување користејќи го овој образец.
Се извинуваме за непријатностите.
Ваш,
Кеган Петерцел
Врски со заедницата, Фондација Викимедија
04:44, 18 март 2015 (CET)
Направено е преименување уреди
Сметкава е преименувана како дел од последниот чекор на спроведувањето на еднокорисничката најава. Доколку ја поседувате оваа сметка, можете да се најавите со претходното корисничко име и лозинка за да добиете повеќе информации. Ако не ви се допаѓа новото име на сметката и сакате да го смените, најавете се, па послужете се со образецот „Барање за преименување на обединувањето “. -- Keegan (WMF) (разговор)
22:48, 21 април 2015 (CEST)