Здраво, добредојде на Македонската википедија. Се надевам дека ќе имам успешна соработка. --FlavrSavr 12:36, 22 Август 2005 (UTC)

Ej, веќе има текст за Nirvana. Ај ако сакаш види што имаш да додадеш на него. Инаку насловот на текстот би требало да биде Nirvana, а не Nirvana (band), зошто band е странски збор. Порано се согласивме дека имињата на бендовите би требало да одат оригинал, непреведени. Имињата на членовите од групата, би требало да одат во кирилица. Види исто: Нирвана (појаснување). Поздрав. --FlavrSavr 12:10, 3 Септември 2005 (UTC)

Па да де, имињата на бендовите одат на латиница :-), тоа и ти го кажав. Глупо би било, на пр. Систем оф а даун, Квинс оф д стоун ејџ итн. Исто така, и насловите на албумите. Веројатно, тоа би важело и за марки на производи. Ама имињата на членовите на групата да одат во кирилица, пр. Дејв Грол, Курт Кобејн и сл. Нема причина зошто тие да одат во латиница, иако во текстот треба да се наведе како се пишуваат на англиски. Тоа, во принцип. За кои други бендови планираш да напишеш нешто? И по пат, твоето име ми е познато од некаде, да не се знаеме? --FlavrSavr 14:11, 4 Септември 2005 (UTC)